Во деновите кога не постоеле терапии за парови, мажот и жената морале да пронајдат начин за да ја задржат хармонијата.
Стратегијата на оваа жена се исплатела. Еве како и успеало.Мажот и жената биле во брак 50 години. Заедно делеле се и немале тајни, освен една. Жената чувала стара кутија од чевли во ормарот, која сопругот никогаш не ја допирал.
Тој никогаш не се интересирал што има во таа кутија, а дури и ја заборавил. Се додека жената смртно не се разболела. Бидејќи двајцата знаеле дека наскоро ќе дојде крајот, за првпат во животот му дозволила да ја отвори кутијата. Тоа што го нашол внатре го шокирало.
Во кутијата имало хеклани кукли и 95.000 долари. Кога побарал објаснување од својата сопруга, таа одговорила:
„Пред да се венчаме мојата баба ми рече дека во здравиот брак никогаш не треба да има кавги. Поради тоа, по секоја кавга со тебе, јас молчев и хеклав по една кукла.“Мажот бил трогнат, бидејќи во кутијата имало само две кукли, што значи дека таа само два пати во животот била лута на него.Но, потоа ја запрашал за парите, а таа рекла: „Тоа се пари кои ги заработив од продавање на другите кукли.“