Тој е прекрасен и вие искрено го сакате, сепак има еден секси колега кој секогаш кога ке помине до вас ви поминуваат морници по телото.

Менталното неверство е на повидок па доколку ги имате некои од следните 5 знаци треба сериозно да размислите што понатаму.

Во мислите ви е друг маж!
Кога си легнувате и кога станувате вие постојано мислите на него. На крај си признавате дека и во текот на денот мислите на него – е тоа е заљубеност!

Се радувате на средбите со него
Ја искористувате секоја можност да го видите и да бидете во негова близина, дури тоа да значи дека ке ги запоставите пријателите и блиските луге околу вас.

Премногу сте блиски
Ако чувствувате потреба со него да ги поделите интимните моменти и размислувања повеке одколку со партнерот, веке е јасно дека тука има нешто повеке од пријателство.

Го споредувате менталниот со вистинскиот дечко
Размислувате како се однесува и што прави вашиот партнер во спредба со него. Посакувате да личат еден на друг во сите аспекти од погледот на светот до животните начела.

Мечтаете за него
Сигурно сте се запрашале како бакнува, дали е нежен или страстен – е тогаш сигурно сте ја поминале границата и сте почнале емотивно да го изневерувате партнерот.