Сигурни сме дека ви е позната препораката од нутриционистите и докторите дека секое утро треба да пиете чаша топла вода на празен стомак. Според експертите, овој утрински ритуал ќе го забрза метаболизмот и ќе поттикне слабеење, а доколку во водата додадете и други намирници ќе добиете вистински благодет за вашето здравје.

Ви откриваме 3 рецепти со топла вода кои ќе направат чуда за вашето здравје и линија.

1. Помага при слабеење
* се пие наутро и навечер

Потребни состојки:

  • 1 чаша топла вода

  • 2 лажици сок од свежо цеден лимон

  • 1 лажица мед

2. Го стабилизира шеќерот во крвта и дава чувство на ситост
* се пие наутро и навечер

Потребни состојки:

  • 1 шолја топла вода

  • 1 лажичка цимет

  • 1 лажичка мед

3. Ја намалува потребата за благо
 * се пие еднаш во денот

Потребни состојки:

  • 1 шолја топла вода

  • 1 лажица сок од лимон

  • 1 лажица мед

  • 1 лажица цимет

Водата треба да биде што потопла. Изладете ја доволно за да може да ја пиете.