6 C
Skopje
понеделник, септември 25, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    3-годишно момче станува секое утро во 5 часот и напорно тренира за да стане Шаолин кунг фу монах

    Кога помислувате на Шаолин монасите, веројатно добивате слика на мудар постар маж кој со еден удар со раката крши неколку цигли. Но, сигурно не би ви паднало напамет дека тоа го може и едно мало дете.

    Токму 3-годишниот Литл Стоун стана интернет сензација откако се појавија снимки на кои момчето тренира најмалку пет часа во денот за да ја постигне својата цел и да стане Шаолин кунг фу монах. Поради тоа, Литл Стоун станува во пет часот наутро и посетува обука во храмот Шаолин во една кинеска провинција.

    Снимките на социјалните мрежи ги објавува неговиот тренер Абот Јанбо.

    “На почетокот постојано плачеше, но по еден месец се привикна и се покажа како исклучително паметен и упорен ученик”, изјавил Јанбо за “Daily Mail”.

    Вистинското име на Литл Стоун е Ки, а тој понекогаш знае и да заплаче бидејќи го гледа своето семејство само еднаш во два месеци и е најмладиот ученик во класот.

    “Заплакува кога размислува на својата мајка, но научи како да ги брише солзите и да продолжи со тренингот”, додал тренерот.

    Шаолин монасите практицираат кунг фу, посебна боречка вештина за која е потребно да го смирите умот и да удрите во вистинско време.

    Снимките од децата ги воодушевиле корисниците на популарните кинески социјални мрежи кои коментирале дека тие ќе израснат во многу дисциплинирани личности.

    “Ова е многу добро опкружување за растење” и “Јас во храмот не би издржал два дена, секоја чест”, се само дел од коментарите кои се појавиле на социјалните мрежи.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.