38-годишната Клер Мариот била на одмор со својата 3-годишна ќеркичка, кога една вечер забележала дека девојчето чудно се однесува. Најпрво мислела дека станува збор само за умор, па ја подготвила за спиење.
Меѓутоа, кога девојчето се разбудило не можело да се движи и константно паѓало. Докторот напрво помислил дека станува збор за Белова парализа, бидејќи десната страна од лицето ѝ висела, но немал објаснување зошто не може да се движи.
Ја исклучиле можноста за мозочен удар, но една студентка која била дежурна и имала искуство со жртви на мозчен удар инсистирала сепак да се провери на рендген. По прегледот било потврдено дека сепак станува збор за мозочен удар.
Лоти била испратена во друга болница за да се утврди причината, а таму добиле подобри вести. Сепак, тестовите не покажале што ѝ е, но дека ќе се излекува со користење на аспирин.
Конечно по истражувањата, откриено е дека мозочниот удар бил предизвикан од сипаници кои ги имала 4 месеци пред ударот. Докторите велат дека сипаниците може да предизвикаат мозочен удар кај деца кои немаат други здравствени проблеми.
За среќа, Лоти потполно оздравела, а трагите од болеста скоро и не се познаваат на нејзиното лице.
Таа е повторно среќно девојче, а нејзината мајка сакала јавно да ги предупреди сите родители за добро да обрнат внимание на своите деца.