Иако во Перу по закон не е дозволено да се користат дивите животни за циркуски перформанси, надлежните во оваа земја никогаш не добиле информација дека ова животно долго патувало со еден циркус и тоа криумчарено во кутии за кабли.
Кога се дознало за постоењето на Муфаса, луѓето од животонискиот меѓународен центар за заштита на животни веднаш интеревенирале и со помош на полиција бил уапсен сопственикот на циркусот.




На крајот со дозвола на полицијата и јавниот обвинител лавот веднаш бил ослободен и вратен најпрво во природно затворено живеалиште.
По извесен период додека да се приспособи останал во природното затворено живеалиште за потоа да биде пуштен во природа по цели 20 години живот под ланци.