Дали доволно се цените и почитувате себеси? дали дозволувате вашиот партнер или околината да влијае на вас и вашето мислење, изглед, одлуки..? Моника Белучи ги има вистинските цитати за вас.
Прочитајте ги нејзините 15 цитати кои можеби ќе ве замислат и ќе ви направат да се чувствувате подобро.
- Убавината кај жените станува проблем во два случаеви: кога ја нема и кога не постои ништо друго освен неа.
- Нас всушност ништо не ни припаѓа. Ниту нашите сопружници, ниту нашите деца. Ние можеме само да споделуваме нешто со луѓето што ги сакаме.
- Жената може да сака како никогаш да нема да си замине. Но, може да дојде таков ден кога ќе замине како никогаш да не сакала.
- За мене стареењето значи станување подобар од она што си бил!
- Луѓето можат да им простат на другите за паметот, дури и за талентот, но за успехот и убавината – никогаш.
- Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојот одраз во огледалото нема да ме радува? Истото што го правела и мојата мајка. Нема да се гледам во огледало – ќе гледам во своите деца.
- Секогаш на младите девојки им велам: „Научете да го сакате своето тело!“ Совршеноста не постои и сосема е очигледно дека дебелите жени не се помалку убави од слабите. Едноставно, треба да научите да се прифатите себеси такви какви што сте.
- На сите им се потребни илузии и токму поради тоа сакаме филмови.
- За ништо на светот не би посакала повторно да имам 20 години. Сега сум многу посреќна оттогаш, бидејќи во тој период се запознаваме себеси, се обидуваме да сфатиме што сакаме да бидеме, страдаме поради несигурност… Сега точно знам што ми е потребно и без што можам да живеам.
- Да бидеш убав на 20 години е сосема природно. Кога сте убави на 35 или 45 години, тоа е животна позиција.
- Според мене, со оглед на младоста и убавината, глупаво е да станете „спонзоруша“ на некој со долг џеб, и бесцелно да го трошите животот на секакви забави. Убавината ни е потребна како помош за да најдеме хармонија, љубов и смисла во овој хармоничен свет.
- Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие само признаваат дека сте подобри од нив.
- Убавината доаѓа до израз и станува интересна само кога е покриена со облека.
- Женственост – тоа е хармонија, природност и сензуалност.
- Не ги разбирам жените кои велат дека ги понижува тоа што мажите ги посакуваат. Мислам дека тие едноставно не се согласуваат самите со себеси.