Најмалку 10 лица починале во Гана откако примиле погрешни вакцини, кои биле наменети за употреба по угриз од змија.
Бенџамин Аминјуре, доктор од регионот Ва, изјавил за репортерите дека на пациентите им било речено да ја купат вакцината од приватна аптека, но биле инјектирани со погрешен лек.
Докторот додава дека уште 40 други пациенти примале терапија за да се ослободат од токсините на погрешната вакцина.
Тој нагласил дека не се ретки случаите на лица кои биле каснати од змија, па владата ги донирала овие вакцини во регионот.