6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Шокантна трансформација: Момчето ја запросило кога имала 135 килограми, а таа одлучи да биде згодна невеста (ФОТО)

    Шантел Харбис и Марлон Пауел долго време биле во врска. На него не му пречело што таа имала дури 135 килограми, а таа се помирила со бројот кој вагата го покажува.

    Но, фактот дека наскоро ќе биде невеста во неа разбуди желба за целосна трансформација.

    -Со години пробував разни диети и никогаш не успеав да ослабам. На крајот се одлучив да посетам хирург кој ми го намали желудникот, истакна таа.

    По операцијата, таа успеала да намали цели 50 килограми.

    -Изгледав одлично и веќе не бев мрзелива и спора. Животот ми се подобри на секој план. По слабеењето сфатив дека со вишокот на килограми заминале и моите големи гради. Носев за пет броја помала долна облека. Сакав и тоа да го средам и одлучив пред да одам на олтар, да посетам пластичен хирург и да ставам силикони на градите, истакна Шантел.

    За целосната трансформација која ја посакала и реализирала пред свадбата, таа потрошила околу 18.000 долари.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.