6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Чудо! 6-годишната Александра се разбудила од кома на 22 години, лекарите го направиле ова

    6-годишната Александра Јанчарска, ќерка на позната полска актерка, голта апче со вода и се гуши. Поради хипоксија девојката паднала во кома, во која останала до август минатата годинава.

    Денес, веќе 22-годишната девојка сега може да изрази лутина или радост, како и да согледа што се случува околу неа, објави medportal.ru.

    Ова е можно благодарение на заедничката работа на полски и јапонски лекари.

    Тие развиваат процедура со која се вградуваат електроди во цервикалниот ‘рбет. Овие електроди примаат сигнали од главното тело на уредот поставен на телото на пациентот и испорачуваат струја која го стимулира мозокот со подобрување на циркулацијата на крвта, напиша Блиц.

    Стимулаторот бил поставен на уште 6 пациенти во 2016 година, а еден од нив веќе се разбудил во мај.

    Д-р Моника Барчевска од клиниката за неврохирургија на Универзитетската болница во Олстин изјави дека може да се зборува за тоа девојчето целосно да излезе од кома. Пациентката ќе има потреба од рехабилитација – таа повторно ќе научи да оди и да зборува, но самиот факт што се случи им дава надеж на многу пациенти.

    Стимулаторот до крајот на годинава ќе биде поставен кај уште 8 пациенти.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.