6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Црвена звезда ја продолжи серијата, Фенер се провлече против Галатасарај

    Црвена звезда, Фенербахче и Макаби забележаа победи пред своите навивачи во воведбите натпревари од 20-то коло во кошаркарската Евролига.

    Црвена звезда против Панатинаикос ја продолжи неверојатната серија, забележувајќи ја седмата победа во низа за скор од 12 победи и осум порази. Регионалниот шампион, во крајно неизвесен натпревар славеше со 72:66, иако натпреварот го отвори со 16:0 во воведните шест минути.

    Црвена звезда до победата ја предводеа Кузмиќ со 10 поени и 14 скокови, односно Симоновиќ кој постигна 13 поени. Гебриел со 23 поени (5/7 за три) беше најефикасниот кошаркар на ПАО.

    Фенербахче, во градското дерби, имаше негатива против Галатасарј 38 минути, но на крајот победи 85:80. Галатасарј беше тимот кој го контролираше натпреварот, на моменти имаше предност и од 15 поени, но во второто полувреме немаше одговор за Весели.

    Весели натпреварот го заврши со 20 поени и 7 скокови. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ одигра 12 минути, а во статистиката запиша еден скок и две асистенции. На спротивната страна најефикасен беше Шилб со 21 поен.

    Макаби ја прекина лошата серија со победата над Уникс 60:52. Макаби не блескаше имаше само двајца играчи со двоцифрен ефект (Гаудлок 17, Охајон 10), но успеа да ја забележи шестата евролигашка победа. Џонсон со 13 поени го предводеше Уникс, каде потфрли првиот стрелец во лигата Ленгфорд кој постигна 12 поени, но погоди само четири од 19-те обиди кон противничкиот кош.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.