6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ХОРОСКОП 28 ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)

    Прочитајте го вашиот дневен хороскоп и дознајте што ве очекува денес…

    Овен (21.03-20.04)

    Денеска нема да сакате да се дружите и ќе се затворите во сопствениот свет. Вашите идеи ќе ве затворат во светот на фантазиите за кои во моментот мислите дека е најдоброто скривалиште. Водете сметка денеска на исхраната. Преоптеретениот желудник може да ви предизвика компликации. За помладите личности родени во овој знак ова е ден за нежни љубовни чуства. Па уживајте додека трае.

    Бик (21.04 – 21.05)

    Потполно сте свртени кон афирмација на вашата личност во општествените активности. Зголемениот број на контакти ќе ви овозможи започнување на нови проекти со нови партнери. Финасиската состојба исто така поволна, но ве очекуваат поголеми трошоци од обично. На емотивен план очекувајте успех и тоа во освојувањето на симпатијата. Ќе се чуствувате заљубено и занесено, па тоа ќе биде забележано и од околината.

    Близнаци (21.05 – 22.06)

    Пред вас е одличен ден во кој ќе се чуствувате прекрасно. Ќе бидете добро расположени , но попустливи кон партнерот многу повеќе отколку обично. Избегнувајте поголеми работни обврски. Мудро би било важните работни одлики да ги оставите за подоцна. Здраствената состојба не е најдобра можеби ќе имате проблеми со дишните органи. Не изложувајте се на големи напори и шетајте повеќе.

    Рак (22.06 – 22.07)

    Полни сте со енергија и доколку не успеете да ја трансформирате или употребите ќе бидете во голема неволја. Ќе се обидете на насилен начин да го добиете она што го сакате и доколку наидете на препреки ќе размислувате во погрешна насока. Во друштво на вашите прилатели ќе си поминате незаборавни моменти. Претставниците во врска ќе влегуваат во безпотребни расправии со партнерот.

    Лав (23.07 – 22.08)

    Ќе размислувате за промена на вашата работа. Ќе сватите дека вака повеќе не ќе можете, но не знаете што друго да правите. Мислите дека уште имате време и дека не е поволен момент, и со тоа кој знае по кој пат го повторувате правилото дека не сте доволно способни да ги носите егзистенцијалните проблеми. Ќе бидете ориентирани кон уметноста. Здравје: релативно добро.

    Девица (23.08 – 22.09)

    Ова е доста интензивен ден кој ќе биде богат со многу настани. Ќе бидете чуствителни, а расположението ќе ви биде променливо. Многу ќе контактирате и ќе разговарате, но резултатите нема да бидат поволни. Многу зависи од вашите лични аспекти, но и вие самите себе ќе се изненадувате. Во емоционалниот живот ве очекуваат непредвидени случувања. Внимавајте во сообраќајот.

    Вага (23.09 – 22.10)

    Ве очекуваат некои пречки и проблеми кои многу ќе ве оптеретуваат. Бидете многу внимателни во постапувањата со имотот и засега избегнувајте важни одлуки, особено ако се поврзани со финансии. Односите со околината ќе ви бидат многу добри, но не особено блиски. Сега и немате потреба за комуникација и ќе бидете некако мрзоволни. Избегнувајте кавги.

    Скорпија (23.10-21.11)

    Сигурно ќе ги победите сите оние кои од различни причини сакаат да ви наштетат и од таа битка да излезете со крената глава. Сето тоа ќе заврши за многу кратко. Сте наидувале на погрешни личности кои емотивно ве искористувале. Се чини дека новиот партнер е сосема друго, но уште треба да причекате со донесувањето на судот. Здравје: проблеми со забите, посетете го вашиот стоматолог.

    Стрелец (22.11 – 21.12)

    Немате причина да бидете загрижени. Денешниот ден ви носи доста пријатни моменти како на работното место така и во приватниот живот. Финансиската ситуација добива доста позитивен тек. Во сентименталниот живот, ако ништо не очекувавте од вашиот партнер може да се случи сосема спротивно- да бидете пријатно изненадени. Овој пат вреди да се ризикува. Здравје: не претерувајте со храната.

    Јарец (22.12 – 20.01)

    Ќе размислувате на креативен начин. Бидејќи нема да имате некоја среќа во функционирањето на материјален план ќе се ориентирате на работи кои ќе ви помогнат убаво да се чуствувате. Некои претставници ќе уживаат во риболовот, некои ќе медитираат, а пак некои ќе пишуваат песни. Во секој случај ќе уживате. Кај некои претставници можна е нова љубов. Здравје: многу добро.

    Водолија (21.01 – 19.02)

    Денот во целост е добар и покрај тоа што ќе имате и проблеми кои ќе морате да ги решите, бидејќи во спротивно вашата позиција може да ослабе. Во финансиските работи ве очекува успех, но би требало да ги избегнувате работите поврзани со недвижнини. Лицата кои работаат со вас можат да ви задаваат помали проблеми. Ќе биде најдобро за се да решите сами бидејќи, луѓето покрај вас изгледа дека не ви се верни.

    Риби (20.02 – 20.03)

    Брзината со која комуницирате нема да биде на посакуваното ниво, а тоа ќе предизвикува извесни застои во извршувањето на работните обврски. Врз вашата положба на работното место влијаат и некои фактори за кои вие не сте свесни. Кога е во прашање љубовта, тука сте со среќна рака. Прекрасен ден за емотивни уживања за сите припадници на овој знак. Здравјето добро со повремени болки во главата.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.