6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ХОРОСКОП 26 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК)

    Прочитајте го вашиот дневен хороскоп и дознајте што ве очекува денес…

    Овен (21.03-20.04)

    Ќе завртите нов лист во вашиот љубовен живот. Нема да ви биде лесно со оглед на некои работи кои ви се случувале во последно време, но полека но сигурно ја стабилизирате вашата ситуција. Новите средби и новите емоции многу од вас ќе ги однесе во прегратките на нови љубовни врски. Ве очекуваат многу возбудувања. Во сериозните врски обновете ја страста. Здравје: многу добро.

    Бик (21.04 – 21.05)

    Приватниот живот ќе биде во сенката на деловниот, бидејќи многу време ќе поминете на работното место или во извршување на некои нови работи. Најважен ќе ви биде односот со луѓето кои ве опкружуваат, некои од нив ќе делуваат многу позитивно врз вас, а некои (професори, шефови, деловни партнери) ќе ве вовлекуваат во расправии. Многу сте чуствитлени поради премногу работа, избегнете го ризикот и бидете внимателни.

    Близнаци (21.05 – 22.06)

    Околината ви поставува тесни кругови и ви ја намалува можноста на избор. А вие сакате многу слобода и помалку обврски. Решавањето на старите долгови ќе го задоволите со очекувањата од околината. Организирајте се подобро и не задоцнувајте на закажаното. Отфрлете ги непотребните работи за подоцна. Здравје: лошо енергијата е намалена и нервозни сте. Посетете го лекарот.

    Рак (22.06 – 22.07)

    Ако вашата работа е поврзана со патување, медијуми, образование ве очекува динамичен ден. Многу од вас ќе имаат прилика да научат нешто ново – предавања, семинари, натпревари и сл. прифатете ја понудата. Деловното патување многу ќе ви се исплати како и работата во која е вклучена сестра, брат, или некој друг роднина. Здравје: добро со помали проблеми со кожата, забите или косата.

    Лав (23.07 – 22.08)

    Доста поволен ден за за склучување на финансиски договори или започнување со некоја многу исплатлива работа. Бидете практични и упорни и внимавајте на сите ситни работи. . Ви се враќа самодовербата, а во друштво на вашиот пратнер се чуствувате се попријатно. Слободните претставници ги очекува средба со личност пред која не можат да останат рамнодушни. Здравје: нестабилно – склоност кон воспаленија и повреди.

    Девица (23.08 – 22.09)

    Вашите претпоставени ќе ви постават задачи за кои не сте подготвени до крај да ги решите. Помош ќе мора да побарате од колегите, без разлика на тоа коку тешко ви паѓа. Во недостаток на време за љубов ќе се обидете да ги соедините љубовните желби и работните амбиции. Партнерот може да ви биде од голема корист во работата. Здравје: просечно, земајте витамини и пиете повеќе течности но не ладни.

    Вага (23.09 – 22.10)

    Се одрекувате од работата со финансиски профит. Сега е време за вложување и чекање, бидејќи многу работи не се во ваша моќ. Навистина ви е важно што повеќе да заработите, а ако сте невработени ќе бидете чуствителни на финансиската независност. Можни се тајни договори или подготовки за идни акции. Здравје: повремена слабост и нејасни симптоми- посетете го вашиот лекар.

    Скорпија (23.10-21.11)

    Полни сте со планови од кои важните ќе почнат да ви се исполнуваат. Можеби во прашање е патување, нова работа, факултет, или некој акција на истомисленици, па подршката од партнерот и пријателите многу ќе ви значи. Некои можеби ќе добијат пофалница, присуство на промоција, некое свечено отоврање поголемо семејно собирање и сл. Здравје: главоболки, проблеми со желудникот.

    Стрелец (22.11 – 21.12)

    За вашата стресна состојба самите сте виновни. А најповеќе работата во која вложувате многу енергија и нерви. За да го постигнете саканото ќе морате да извлечете додатни атоми на енергија и да ги редуцирате задачите. Личноста која ви е предпоставена ќе ви понуди работа или можеби финансиска подршка. Здравје: чуствително можна е настинка и малаксалост. Не го работете тоа што ви штети на вашето здравје.

    Јарец (22.12 – 20.01)

    Можни се средби со личности кои доаѓаат од далеку. Ќе размислувате за заминување на некој пат за кој мислите дека многу ветува. Во работата внесете што повеќе спортски дух и ведрина. Финансиските проблеми и понатаму се присутни. Здравје: помалку непријатности и пречки, но физички сте во добра кондиција. Ви препорачуваме што повеќе движење.

    Водолија (21.01 – 19.02)

    Помалку ќе бидете напнати, а ќе имате повеќе комуникации, движење и ведрина. Тоа значи дека вашите односи со околината значително ќе се подобрат, па ќе имате повеќе успех во работите кои се поврзани со комуникации. Немојте да занемарувате ништо што би можело да ве попречува во работата, бидејќи ќе имате одлична прилика за успех. Одлично ви се аспектирани новите пријателства и обновување на стари врски.

    Риби (20.02 – 20.03)

    Поченете да размислувате за заедничка работа. Ако навистина сакате успех во моментов ќе морате да работите тимски. Ќе зависите од помошта и реакцијата на другите. Ќе предизвикувате внимание ќе настапувате, ќе говорите и ќе излезете на видни места. Помалку ќе бидете несигурни и со задоволство би му препуштиле на некој друг да одлучува место вас. Здравје; нестабилно – намалете со алкохолот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.