6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ХОРОСКОП 21 ОКТОМВРИ (САБОТА)

    Прочитајте го вашиот дневен хороскоп и дознајте што ве очекува денес…

    Овен (21.03-20.04)

    Новонастанатите ситуации на работното место од вас ќе бараат поголема ефикасност, рационалност и одлучност. Се наоѓате во една навистина критична состојба од која можете многу да добиете, но и да изгубите. Не се откажувајте. Во љубовта работите се поставени онака како што посакувате. Односите во семејството ќе ве загрижуваат, а сигурно тоа ќе биде поради вашите деца. Здравје: многу добро.

    Бик (21.04 – 21.05)

    Денеска ќе морате да ја покажете вашата сила во однос на одредени околности и не смеете да си дозволите слабост. Немојте да бидете пасивни, делувајте активно и само така ќе можете да ја пребродите моменталната криза. Во љубовните односи најважно е да разговарате со партнерот, да пронајдете заеднички јазик и да ги објасните вашите чуства. За слободните важи- без ризик нема ни успех.

    Близнаци (21.05 – 22.06)

    На работното место ве очекува многу работа која многу ќе ве оптеретува. Односите со соработниците не се за пофалба па можете да очекувате судири кои ќе ве фрустрираат. Ви се закануваат трајни непријатност. Бидете внимателни и тактични. Сенитименталните односи ќе ви бидат многу интензивни и конфузни. Вие сте сигурни во вашите чуства. Здравје: чуствително внимавајте на нервите.

    Рак (22.06 – 22.07)

    Интересните пријателства лесно ќе се претворат во нешто повеќе, а во сериозните врски ќе се разбуди нова привлечност. Ќе се почуствувате подготвени за сите предизвици кои ви ги носи животот, но не се откажувајте ниту од добрата забава. Раковите од втората декада ќе бидат нешто поранливи, завртени кон минатото и семејните односи, склони кон самосожалување. Ви треба повеќе акција и насмевка на лицето.

    Лав (23.07 – 22.08)

    Вашиот деловен живот ќе почне да се претвора во нешто, што би можело убаво да се развива и има солидна иднина, па дури и добра матереријална заработувачка. Можете слободно да започнете со приготвувањето на новите планови. Во сериозните врски можеби ќе ја изгубите довербата во вашиот партнер, а за тоа овој пат ќе има добра причина. Не бидете премногу наивни. Здравје: многу добро.

    Девица (23.08 – 22.09)

    Работите ви се подржани од планетите и па немојте да го жалите вложениот труд во решавањето на проблемите и одстранување на препреките. Отворено борете се за вашите работи и превземете ризик, па макар и со парична природа. Некои од вас ќе влезат и во поголеми инвестициии купување и вложување. Можеби ќе ви помогне некоја помлада личност. Здравје: внимавајте од главоболки.

    Вага (23.09 – 22.10)

    Ќе постигнувате добри резултати во тоа што го работите. Имате големи шанси за помош од другите, па затоа паметно искористете го денешниот ден. Постои можност од помош која доаѓа од странство. Во сенетименталните врски бидете внимателни и не влегувајте во расправии кои можат да ви наштетат во односите со партнерот. Не се преморувајте, одморете се и добро насипете се.

    Скорпија (23.10-21.11)

    Љубовните односи ќе ви бидат во втор план. Рационални и практични од обично, секој ваш потег однапред добро ќе го обмислите. Слободните можат да почуствуваат привлечност кон помлада личност или можеби пријател додека други сеуште ќе уживаат во тајните врски и двојни игри. Вашето главно оружје е јазикот – вистинските зборови во вистинско време ќе остават голем впечаток врз другата страна.

    Стрелец (22.11 – 21.12)

    Љубовните односи ќе ви задаваат главоболки. Ќе имате додворувачи и ќе се почуствуате привлечни. Ако сакате да ја задржите врската во која се наоѓате нема друго решение освен да се прилагодите и и да го одложите исполнувањето на вашите потреби. Однсеувањето од другата страна ќе ви биде нејасно, па на момент можеби ќе бидете повредени. Опкружени сте со луѓе со кои добро се чуствувате завртете се кон посветлата страна на животот.

    Јарец (22.12 – 20.01)

    Нешто повеќе се подобрува расположението. Емотивната нестабилност не е вистинска подлога за љубовни успеси. Вашите интереси повеќе ќе се движат на работен план, па затоа е можна привлечност на ртаботното место, па дури и флерт со колега, шеф и сл. Родените во втората декада ќе бидат отворени за дружење, излегувње особено ако тие се поврзани со спорт или странство. Не брзајте со нови врски.

    Водолија (21.01 – 19.02)

    На работното место ве очекуваат помали промени на кои нема да му обрнете големо внимание. Не ги занемарувајте важните работи. Внимавајте што зборувате. Многу лесно можете да се вплеткате со изјави кои ви предизвикуваат проблеми со околината, особено внимавајте на прехрабри зборови во љубовта, бидејќи партнерот не мора да покаже разбирање за вашата моментлана состојба.

    Риби (20.02 – 20.03)

    Огномет во љубовните врски и воопшто во односите со околината. Време е да промените нешто, па макар било тоа и некоја ситница. Ви требаат нови предизвици што на некои во љубовта ќе му донесат препреки, а додека други ќе почуствуваат потреба за повеќе слобода. Изненадувања ги очекуваат првенствено родените во Март каде некој како олуја на страсти ќе влезе во вашиот живот. Здравје: просечно.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.