6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ХОРОСКОП 16 ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)

    Прочитајте го вашиот дневен хороскоп и дознајте што ве очекува денес…

    Овен (21.03-20.04)

    Одлично ќе бидете расположени, но доколу не превземете ништо ваквата ситуација да потрае тогаш би дошло до сосема спротивното. Вашиот партнер го идеализирате така што ќе дојде момент кога тотално ќе бидете разочарани, па затоа внимавајте. Бидејќи денов е одличен за уметност, а неповолен за материјални вложувања и практични работи добро би било да одите на коно, театар -одлично ќе се чуствувате.

    Бик (21.04 – 21.05)

    Само ако бидете активни и сватите што навистина сакате можете да се надевате на нешто. Ви се нудат одлични можности за развој на менталните и физичките способности. Колку ќе успеете да ги искористите-дискутабилно е. Многу да внимавате во проценките на ситуациите и луѓето бидејќи се можни измами од страна. Љубовната ситуација не е најдобра -обратете повеќе внимание.

    Близнаци (21.05 – 22.06)

    Работите ќе ги извршувате многу смирено, а доколку нешто не ви оди од рака нама негативно да се одрази на вас. Бидете упорни во полето на финансиите, бидејќи имате голема прилика да ја подобрите паричната состојба. Ќе бидете во друштво со личности кои не ви се многу омилени, но со можностите кои ќе ви ги нудат ќе ве направат задоволни. Во љубовта како да не сте многу заинтересирани, па дури и ќе ги избегнувате блиските средби.

    Рак (22.06 – 22.07)

    Денес вашите активности ќе бидат намалени, освен на полето на финансиите каде сеуште сте ангажирани за подобрување на материјалната состојба. Но сепак, ќе имате успешен работен ден, а тоа е затоа што ве следи среќата. Во емотивниот живот ќе мора да ја контролирате вашата посесивност и приврзаност кон партнерот. Навистина нема место за љубомора од ваша страна. Здравје: добро.

    Лав (23.07 – 22.08)

    Ве очекуваат убави моменти. Ќе уживате во новите настани кои ќе ви овозможат да се покажете во најдобро светло и да ги пробате новите предизвици. Во љубовта точно ќе знаете што сакате, па затоа ќе бидете многу упорни и неодоливи. Љубовните како и семејните односи малку ќе ви бидат нестабилни, а постои можност од расправии за кои подоцна ќе се каете. Здравје: чуствително ќе се жалите од забоболка.

    Девица (23.08 – 22.09)

    Цветате. Бидејќи тоа ќе го правите со голем интензитет, ќе морате да внимавате да не претерате. Умереноста и одмереноста во се се најдобра варијанта. Не ги прифајќате принципите на однесување од некој во ваша близина, а кои се спротивни од вашите. Тешко ќе можете да ги пратите бидејќи вашата природа е поинаква. Здравје: чуствително можни проблеми со варењето на храната.

    Вага (23.09 – 22.10)

    Сте се ускладиле со средината што значи дека сте успеале да најдете сопствен мир. Многу припадници на овој знак ги очекува некакво патување во странство, а некои пак размислуваат за стручно усовршување. Во целост уживате во сите животни сфери, почнувајќи од материјални, па до духовни. Бидете подинамични и поконкретни. Здравје: многу добро.

    Скорпија (23.10-21.11)

    Ќе се чуствувате прилично лошо. Намалете го бројот на комуникациите и вимавајте што и пред кој зборувате. Личностите поврзани со вашата работа нема да ви бидат наклонети. Ќе има доста разочарување и стресови. Не се потпирајте на никого и на никој не се доверувајте. Избегнувајте кавги и расправии. Во сентименталниот живот односите ви се доста напнати.

    Стрелец (22.11 – 21.12)

    Кај вас е присутна љубовта кон вистината, отвореност и чесноста, па многу ќе се чудите кога нешто ќе тргне наопаку. Ќе бидете во ситуација јасно да го разграничите доброто од злото така да вашата совест ви е чиста и мирна. Благата нервоза е последица на вашиот колеричен темперамент. И сепак ве очекува успех. Само напред –водете грижа за вашето здравје.

    Јарец (22.12 – 20.01)

    Силниот прилив на енергија и желбата да успеете ве прават да можете да ги совладате сите тешкотии и да постигнете успех во работата. Бидејќи наскоро ќе ги истрошите сите мотиви, можни се недоразбирања со партнерот во желба од него да добиете подршка. За жал таа може да изостане, а вие потрудете се да не биде така. Го можете вие тоа -сигурно. Здравје: просечно.

    Водолија (21.01 – 19.02)

    Доста поволен ден за финансиската страна која во комбинација со вашиот поглед на животот ќе ви овозможи значително подобрување на ситуацијата на вашата сметка. Добро е да прифатите некоја деловна зделка, меѓутоа внимавајте со какви луѓе си имате работа. Ѕвездите ви овозможуваат исполнување на вашите желби. Во љубовта ве прати среќа. Здравје: просечно.

    Риби (20.02 – 20.03)

    Ве зафатил голем бран на оптимизам. Можеби летото само по себе заслужно за таквото расположение. Ви се нуди можност за тоа што повеќе да бидете во природа, да шетате, медитирате и со еден збор да уживате. Во исто време многу ви е важно и му посветувате многу време на вашето семејство и куќата. Идеите за адаптација на животниот простор и освежување на ентериерот со детали -ве прават среќни.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.