6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ХОРОСКОП 04 ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)

    Прочитајте го вашиот дневен хороскоп и дознајте што ве очекува денес…

    Овен (21.03-20.04)

    Заборавете на ветувањето кое сте му го дале на некоја ваша блиска личност, бидејќи не ќе бидете во состојба да го исполните. На работното место ќе се соочите со препреки. Најдете подобро решение за проблемот. Финансиите ви се одлични но внимавајте, бидејќи трошите без контрола. Во љубовниот живот ве очекуваат новини кои се добре дојдени за вас во моментот. Здравје: внимавајте од вируси.

    Бик (21.04 – 21.05)

    Потребно е да вложувате многу труд за правилно и навремено извршување на работните задачи и воопшто за постигнување на некој успех. Комуникативноста денес ќе ви биде одлична , но тоа не значи дека треба да се впуштите во решавање на проблемите поврзани со склучување на договори. Во љубовниот живот ќе морте да го расчистите лошиот однос со партнерот. Бидете директни. Здравје: просено.

    Близнаци (21.05 – 22.06)

    Правилно ќе ја прецените моменталната ситуација на работното место но ќе заборавите на некои помали делови кои се доста важни. Ќе ви помогне ваш стар пријател или колега и ќе направи работата да биде спасена. Преоптоварени сте со деловни обврски и немате доволно време за приватниот живот. Морате нешто да превземете околу тоа прашање, зошто на крај можеби ќе бидете напуштени. Здравје: замор.

    Рак (22.06 – 22.07)

    Одличен ден за работа. Со поамбициозните работи сте на прав пат па затоа ќе имате напредок. Односите со соработниците и претпоставените се задоволителни, а финансиската состојба ви задава грижи. Во приватниот живот ќе имате многу среќен ден. Ќе бидете привлечни за личностите од спротивниот пол. Здраствената состојба ви е чуствителна, имунитетот опаднат-внимавајте од настинки.

    Лав (23.07 – 22.08)

    Со причина ќе бидете загрижени за понатамошниот развој на случувањата врзани со работното место. Моменталните случувања се доста сериозни, но секако дека вие не сте единствени кои се соочувате со преоблемот. До вас се вашите колеги кои ќе ви помогнат да ја пребродите моменталната ситуација. Што се однесува до љубовта расправиите кои ќе ги имате со вашиот партнер се доста негативни за врската. Здравје: добро.

    Девица (23.08 – 22.09)

    Вашите комуникации се одлични, но истовремено ќе се појават некои проблеми кои највероватно ќе бидат поврзани со некој подолготраен проблем во вашиот живот. Тие проблеми ќе бидат се понагласени, а паралелно со тоа ситуацијата во деловните односи ќе се подобруваат. Над сетоа тоа ќе бидете немирни и, незадоволни и склони кон расправи, но околината ќе биде толерантна спрема вашите провокации.

    Вага (23.09 – 22.10)

    Работните задачи воопшто нема да ви претставуваат проблем, ги извршувате со големо задоволство и елан. Ви се закануваат финансиски неприлики, па најдобро би било да бидете внимателни во трошењето. Бидете трпеливи ситуацијата ќе се подобри. Не ви се добро аспектирани работите со странство, па затоа не би требало да превземате ништо. Љубовниот љивот ви е стабилен и ве прави среќни. Здравје: многу добро.

    Скорпија (23.10-21.11)

    Најзначајно за вас денес е искористувањето на вашите ментални потенцијали. Ќе бидете постојано исполнети со прогресивни идеи, кои ќе наидат на одличен прием, било каде да ги презентирате. Начинот на кој тоа го правите е професионален и оставате силен впечаток кај сите ваши слушатели, кои нетрпеливо исчекуваат што ќе кажете. Родените од првата декада ќе размислуваат за важна одлука во врска со љубовта.

    Стрелец (22.11 – 21.12)

    Ви се зголемува опасноста од кавги што ќе го ограничи вашето делување. Нема да имате енергија, ќе бидете раздразливи и најчесто лошо насочени. Вашите проекти можат да се изјаловат, бидејќи нешто сосема грешно сте направиле. Не е време за започнување на нови работи иако во моментот имате и некои добри показатели. Во приватниот живот ситуацијата е средна, но со тенденција на подобрување.

    Јарец (22.12 – 20.01)

    Ситуацијате ви се подобрува. Ќе бидете ведри и ќе наидувате на многу задоволства и дружење. Ова е добар ден за склопување на нови пријателства како и за друштвениот живот кој не мора да биде диригиран од деловните интересеи, но во иднина може да се покаже и работно корисен. Во сите парични работи потребно е внимание. И воопшто во се друго треба да бидете внимателни но тоа е однсувањето кое одговара на вашата природа.

    Водолија (21.01 – 19.02)

    Ќе имате многу сила за да можете да ги совладате препреките. Ќе бидете помалку раздразливи, па опасноста од распраии со околината ќе биде се помала. Најдобро ви е аспектирана упорната работа. Имате изгледи да ја стабилизирате вашата ситуација, но за тоа ќе морате да посветите многу енергија. Не ви препорачуваме никакви импровизации. Во љубовните врски владее нетолерантност која може да биде опасна за стабилноста на врската.

    Риби (20.02 – 20.03)

    Вашата самодоверба се зголемува како и угледот во очите на луѓето со кои морате да соработувате така што вашата положба значително ќе се подобри. Во секој случај работите ќе се одвиваат онака како што планирате. Што се однесува до љубовта, ќе биде присутна љубомората, а недостатокот на слободно време со вашиот партнер ќе ви прави проблеми. Потрудете се повеќе околу партнерот и не дозволувајте да се појавува сумничавост.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.