6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Фуркан Салиу: Ова што го слушнав, вечерва не ми дава да заспијам- 3 годишно дете умрело пред очите на родителите

    Новинарот Фуркан Салиу вечерва на социјалните мрежи пренесе трагичен случај, сторија за која вели дека не му дава да заспие.

    – Скоро секој ден слушам неверојатни стории од луѓе кои бараат помош затоа што системот е нефункционален, но оваа што ја слушнав денес не ми дава да заспијам. Дете со акутна миелоидна леукемија после првата терапија паѓа во кома и мора итно во просторија за реанимација.

    Во едниот лифт не го собира креветот, другиот не работи. Медицинскиот тим бара друг помал кревет кој ќе го собере во другиот лифт, во меѓувреме детето умира… И сето ова се случува пред очите на родителите, напиша Салиу.

    Поради вакви случаи, додава новинарот заминуваат луѓето од оваа држава.

    – Заминуваат затоа што полицијата не ги штити, здравството не може да ги лечи, а судството дели неправда. Дајте почнете со изградба на клиничкиот центар веќе!!! Доста со политички инаети кои што не чинат човечки животи.

    Дајте им можност на оние малкумина чесни лекари што ни останаа да работат во нормални услови. Знаете ли колку се важни тие 3 минути за тешко болно дете? Немојте бре луѓе, аман немојте си играте барем со здравството ?, напиша Салиу.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.