Деветнаесетгодишната Ева Андерсон целиот живот патела, бидејќи врсниците ја нарекувале монструм. Денес многумина не можат да го тргнат погледот од неа.
Ева е висока импозантни 201 сантиметри, а отсекогаш била значително повисока од своите врсници, порадо што го „заработила“ надимакот „монструм“.
Ева, растела и растела и одлучила да стане манекенка.
Иако врснаците се шегувале поради нејзината висина, а тинејџерството и адолесентското време го минала затворена дома, бидејќи момчињата, како што вели, се плашеле од неа, имала отсекогаш јасна цел – да стане манекенка.
Меѓутоа, кога тргнала во остварување на својата кариера, повторно наишла на ѕид. Речено ѝ е дека е преголема за стандардна манекенка.
Сепак Ева не дозволила тука да запре се. Денес е манекенка во агенција која промовира различни видови тела и градба, и редовно шета на модните писти. Надимакот „монструм“ останал зад неа, а наместо тоа, добива погледи исполнети со воодушевување.