6 C
Skopje
петок, април 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Фото) Штербик и Мораеш блескаа, Вардар го победи Нант

    Ракометарите на Вардар го совладаа Нант 27:23 (14:10) во второто коло во Лигата на шампионите. Играч на натпреварот беше Арпад Штербик кој имаше 13 интервенции.

    Играчите на актуелниот првак добро се испотија за да стигнат до по победата во дуелот со вицепрвакот на Фрација, кој од оваа сезона е посилен за македонската ракометна легенда Кирил Лазаров, кој на теренот мина само неколку миути во последната третина од првиот дел.

    Нант се покажа како цврста екипа, која игра добра одбрана и не се предава во ниту еден момент. Вардар, иако во најголемиот дел од натпреварот водеше, разликата се движеше од два до четири гола, упорниот противник успеа да го скрши дури во последните пет минути од натпреврот.

    Блескаше на голот на Вардар Арпад Штербик со 13 интервенции, а нападот го предводеше пикерот Рожерио Фереира Мораеш со шест гола, од кои пет постигна во првото полувреме.

    Овие двајца беа творци на серијата 8:2, во последните десет минути од првиот дел, кога Вардар прв пат на мечот дојде до предност од пет гола (14:9).

    Штербик со своите одбрани им овозоможи на соиграчите побрза игра, додека Мореаш демонстрираше неколку пати колку физички е посупериорен од противниците.

    Голема борба се водеше и во вториот дел од мечот, Вардар никако не успеа да го скрши противникот, која два пати успеа да се врати на само гол негатива (19:18 и 24:23).

    Покрај Шетерник и Мораеш кај Вардар се истакнаа уште и Криштопанс со пет голови, односно Дибиров и Чупиќ кои постигнаа по четири гола.

    Најефикасни кај Нант беа Њокас, Балагуер и Гурбиндо со по четири гола.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.