„Инстаграм“ развива опција што на корисниците на апликацијата ќе им покажува колку пати други корисници на мрежата го посетиле нивниот профил. Информациите ќе бидат прикажани на врвот на профилот, а ќе бидат толку забележливи што практично ќе биде невозможно да се заобиколат, пишува „Индипендент“.

Меѓутоа, иако ќе се покажува колку пати е прегледан профилот, нема да има податоци за тоа кои биле посетителите.

Новата функција ја забележал корисникот Мет Навара, по што објавил фотографија од својот инстаграм-профил на „Твитер“, која покажува како корисниците што имаат пристап до оваа опција ќе бидат известени за бројот на прегледи на своите профили. На врвот на неговиот екран има 133 посети во последните седум дена.

Бидејќи оваа функција сè уште е во развој, таа не се појавува на секој кориснички профил.