6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ФОТО: Децата од Азија се едни од најздравите деца во светот, а еве и зошто

    Истражувања покажале дека јапонските деца се едни од најздравите деца во светот, а еве благодарение на кои здрави секојдневни навики се должи нивното одлично здравје.

    Овие навики се толку едноставно, што лесно може секој од нас да ги примени.

    1. Никогаш не читаат одблизу

    Во многу кинеснки училишта, се инсталирани метални шипки, дизајнирани со цел да ги држат главите на децат на одредено растојание и да им ги заштитат нивните очи.

    2. Прават вежби за очи

    Во Кина, учениците од основните и средни училишта имаат за задача и да прават вежби за очите, кои ја подобруваат циркулацијата на крвта и ги опуштаат очните мускули.

    3. Тестовите ги полагаат во природа

    Иако овој метод е најпрво смислен да ги спречи учениците од препишување, бидејќи за разлика од училниците каде просторот е ограничен, овде се на поголемо меѓусебно растојание, часовите во природа се покажале и како неверојатно добри за здравјето на децата, благодарение на свежиот воздух.

    4. Носат медицински маски

    Овој метод го спречува заразувањето при контакт со настинати или болни луѓе и ги штити од загадениот воздух.

    5. Имаат онлајн часови

    Кога надвор има невереме или едноставно кажано, временските услови не се безбедни за излегување надвор, кинеските професори смислуваат креативни начини како сепак да се одржи наставата, односно им држат на учениците онлајн часови кои децата ги следат од нивните домови.

    6. Јадат мали порции на оброци, наместо големи

    Јапонската училишна програма за храна била разивена да го спречи гладот меѓу децата по Втората Светска војна и денес, целта не и е сменета. Притоа целта е децата да јадат здрава и избалансирана храна.

    7. Уживаат во надворешните активности

    Планинарењето, кампувањето, дружењето со животните итн, се едни од најомилените активности на азиските деца.

    8. Пешачат, наместо да се возат со некое транспортно средство

    Оваа навика оди до таму, што во повеќето урбани средни, училиштата немаат автобуси за децата, туку од нив се очекува секојдневно да пешачат, бидејќи нивните домови се релативно близу до институцијата.

    9. Им се надгледува зависноста од Интернетот

    Бидејќи постои дел од младат популација кој е зависен од Интернетот и социјалните мрежи, во Азија, поточно во Јужна Кореја постојат кампови за нивно одвикнување, кои им користат за здравјето.

    10. Им се дава поголема одговорност

    Да пешачат сами до училиште, да завршуваат дел од домашните обврски, па дури и да ги чистат училниците откако завршиле часовите, се само неколку од многуте одговорности кои им се дадени на децата во Азија, се со цел тие уште од рана возраст да стекнат независност и одговорност, што ја зголемува сопствената грижа за за самите себе.

    11. Јадат што е можно поздрави оброци

    Иако традиционалните јадења во различни делови од Азија се различни, сепак на сите главна состојка им е зеленчукот.

    Извор: Nane.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.