6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Филипче најави вакцини на крајот на месецот: Болничките капацитети се полнат- не се исклучува можноста за карантин

    Се очекува вакцините од „Астра Зенека“ да стигнат на 31 март и 15 април, додека кинеските вакцини на 31 март, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека системот е подготвен и точно се знае како ќе се одвива вакцинирањето. Оцени дека земјава има балансиран систем на рестрикција во кој е исклучително важна индивидуалната одговорност и оти следниот период до почеток на следната недела, има простор да се направи проценка на резултатите од сегашниот полициски час. Во меѓувреме во земјава вчера беа регистрирани нови 1.216 случаи на Ковид-19 од направени 3.761 тестови, оздравени 111 пациенти, а починати 15 лица.

    Во однос на ставот на Европската агенција за лекови дека вакцината на „Астра Зенека“ е безбедна, министерот Филипче посочи дека посебно водат сметка и за тоа што го кажуваат националните агенции во ЕУ, кои времено го запреа вакцинирањето и ги следат сите релеватни истражувања. Рече и дека за сите вакцини и лекови водиме сметка да се соодветно испитани и да ги имаат соодветните сертификати за квалитет и да се потврдени од регулаторните тела.

    Неколку случаи, посочи Филипче, излегоа во изминатиот период и тоа придонесе да се создаде сомнеж.

    -Националните агенции на земјите каде што имаше несакани ефекти од вакцината преземаа мерки на претпазливост и времено го запреа вакцирањето со „Астра Зенека“. Што е нормално, да бидат внимателни и да се утврди ако има причинско последична врска. Релевантна инстутуција за тоа е Европската агенција за лекови, која излезе вчера со став дека дефинитивно не станува збор за компликации заради кои што треба да се прекине или ствараат сомнеж. Дефинитивно вакцината е безбедна и нема причинско последична врска со овие случаи и верувам дека имунизацијата ќе продолжи, изјави Филипче.

    Согласно вчерашните податоци, на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови во земјава се лекуваат 1193 пациенти со Ковид-19 и во ковид- центрите има околу 290 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 71 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 514 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

    Министерството за здравство, исто така соопшти дека се зголемува капацитетот за хоспитализација на пациенти со Ковид-19 во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во ГОБ „8 Септември”. Пуштен е во употреба дел од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) со 25 болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

    На Клиниката за пластична и реконструктивна хрургија и на Клиниката за торакална хирургија обезбедени се 50 болнички кревети. Клиниката за торакална хирургија продолжува со нормална работа за итни случаи, а хируршките интервенции во моментов се редуцирани и се изведуваат само итни операции и операции на малигни состојби.

    Во ковид одделите во внатрешноста има доволен број болнички кревети и капацитетите во болниците не се оптоварени. Досега во земјата се направени вкупно 578.923 тестирања на Ковид-19.

    Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.