6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    „Субверзија во црвено“ ќе ја претставува Македонија на ликовната изложба во Венеција

    Министерството за култура информира дека Комисијата ги разгледала пристигнатите пријави за учество на Македонија на 58. Интернационална ликовна изложба во Венеција и одлучила национален претставник на нашата држава оваа година да биде проектот на Музејот на современата уметност „Субверзија во црвено“ од авторката Нада Прља.

    Одлуката ја донела комисија во состав: професор Мирко Вујисиќ, професор Тони Васиќ и Имер Бајрами.

    Во пропишаниот рок на конкурсот, во Министерството за култура пристигнале уште 3 пријави на НУ Национална галерија на Македонија за проектот „Мирисот на лебот“ од авторот Нехат Беќири, на Музејот на град Скопје за проектот „А-Reaction“ од авторката Марија Павловска и самостојниот проект „Че биде“ од авторот Игор Јосифов. Од Министерството велат дека при увидот во пријавите, Комисијата утврдила дека проектот на НУ Национална галерија на Македонија не ги исполнува условите пропишани во конкурсот и токму затоа проектот на Нехат Беќири не бил земен предвид во натамошниот процес на разгледување и одлучување.

    За преостанатите три проекти Комисијата констатирала дека се одликуваат со високи уметнички карактеристики, дека се професионално конципирани и ги одразуваат квалитативните параметри нотирани во конкурсот. Сепак, со особено внимание комисијата го издвоила проектот на авторката Нада Прља, кој, според тематската одреденица и методологијата во уметничкиот пристап низ неконвенционалните методи, е актуелен и интернационално референтен проект во културениот контекст и во однос на темата на биеналето.

    „Комисијата, исто така, ги зеде предвид и квалитетите и искуството на авторката со учество и изведба на дела со сличен контекст, кои се многубројни и имаат освоено награди и признанија на меѓународната сцена. Истовремено, комисијата изрази уверување дека и соработниците што се вклучени во реализацијата на проектот, во однос на уметничката критика и стручност, имаат големо интернационално искуство, особено во претходните учества на оваа манифестација“, велат од Министерството за култура.

    Венециското биенале оваа година ќе се реализира во периодот од 9 мај до 24 ноември. Куратор на годинашното издание на биеналето е Ралф Ругоф, кој ја утврди и генералната тема на манифестацијата: „Може да живееш во интересни времиња“. За претставувањето на проектот на Музејот на современата уметност, Министерството за култура издвои 4.000.000,00 денари.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.