6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Семејно куче го жртвувало својот живот за да спаси бебе од запален дом

    Многу често слушаме за приказни во кои кучињата ги жртвуваат своите животи во име на животите на своите најблиски. Поло е само еден од кучешките херои кој не се плашел да умре ако тоа значи да го спаси 8-месечното бебе.

    Ерика Поремски од Балтимор, Мериленд, излегла од својот дом само една минута кога забележала дека куќата е зафатена од пламен.

    Пламените јазици почнале неконтролирано да се шират додека таа беспомошно гледала и чекала да пристигнат пожарникарите.

    Нејзиното девојче и семејното куче Поло беа заробени внатре. Оваа очајна мајка се плашеше од најлошото, но ништо не можеше да направи.

    За среќа, помошта пристигнала брзо и пожарникарите успеале да го изгаснат пламенот. Во спалната соба наишле на најневеројатната глетка.

    Пого, кој за жал го загуби животот, лежеше над телото на бебето Вивиана, обидувајќи се да ја заштити. Можел лесно да се спаси со излегување низ вратата, но наместо тоа решил да остане и да го спаси своето мало човече.

    Благодарение на Поло, Вивијана доби само изгореници на двете страни од телото. Да не беше херојското животно, таа веројатно ќе умреше.

    Семејството изгуби се во пожарот; нивниот дом, сите нивни работи и кучето што сите го сакаа толку многу. Сепак, тие се вечно благодарни на Поло што го спасил животот на нивната ќерка.

    Почивај во мир Поло, ти стана херој!

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.