6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Села открива кога ќе соопшти дали ќе даде поддршка на еден од кандидатите

    Граѓаните се слободни сами да одлучуваат за кого ќе гласаат во вториот круг, вели претседателот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во интервју за 360 степени. Алијансата на Села застана зад професорот Блерим Река, кој, пак, доби над 70.000 гласови во првиот круг. Гласовите на Река ќе бидат одлучувачки за вториот круг во кој влегоа Стево Пендаровски и Гордана Силјановска.

    Села не одговара конкретно на прашањето дали ќе излезе на гласање на 5 мај и вели дека тоа ќе се види на денот на гласањето.

    Граѓаните треба да одлучат дали ќе гласаат и за кого. Ние имавме само еден кандидат. Конечниот став ќе го имаме по седница на централното претседателство следната недела. Но лично јас како претседател на Алијансата, пораките што ги имав за пренесување, а бев многу јасен, ги дадов во кампањата додека имавме кандидат за претседател. Нашата изборна кампања заврши во неделата на 21 април кога ги дознавме резултатите. Кој ќе биде ставот на Алијансата ќе се дознае по седницата на претседателството на партијата. Но нашиот принцип е дека се уште не е дојдено време албанските гласови да одат за македонските политички партии – вели Села и додава дека седницата на претседателството ќе се одржи во среда или четврток следната недела, односно само неколку дена пред одржување на вториот круг.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.