Скопјанка ја раскажува својата приказна како заминала на печалба во Швајцарија со цел да заработи некој денар повеќе, за да може на себе и на своите најблиски да им обезбеди подобра иднина.

Таа заминала на работа во Швајцарија, откако на интернет пронашла оглас за работа, каде се барало келнерка во детеска игротека. Бидејќи имала претходно работно искуство во игротека, се пријавила на огласот и добила позитивен одговор дека може да оди, но дека ќе работи на црно. Со цел за подобра иднина таа прифатила.

Во платата имала и сметување и храна.

Откако стигнала таму, ја пречекал повозраен човек, од Босна, кој бил всушност и работодавачот. Првите неколку дена ја оставил да се одмори, а потоа кога требало да ја запознае работата следувал хаос и шок.

Наместо во детска игротека, тој ја одвел во коцкарница. Таму да биде келнерка, со изговор дека во детската игротека не им треба. Документите претходно и биле земени, со цел да средат нешто за полицијата.

Девојката и покрај сето тоа, ја прифатила работата. Првите неколку дена и покажувале што треба да прави. Дека не само што ќе биде келнерка, тука и ќе работи на апаратите за коцкање.

Требало да работи само втора смена, до полноќ, но тоа никогаш не било така. Секогаш останувала до наутро.

-Вистински хорор беше тоа за мене. Првите неколку дена мислев дека е обична работа. Ќе си работам и ќе си заработувам пари. Но, не беше така. Газдата ме присилуваше на работа да не доаѓам во патики или во ниско. Туку секогаш да носам штикли, да бидам нашминкана и провокативно облечена бидејќи како што ми рече еднаш морам да привлекувам луѓе за да влегуваат во локалот. Работите почнуваа да ми се разјаснуваат, но секогаш велев дека со мене немам таква облека. Еден ден во станот ме чекаше куп нова облека. Жешка и провокативна. Штикли и шминки. Кога отидов на работа му кажав на газдата дека не сакам повеќе да работам и дека морам да се вратам дома. Тогаш добив една врела шлаканица. Ме повлече и ме затвори во еден темен магацин. Таму бев два дена. Без вода и без храна. Потоа како да се смилува над мене. Ме отклучи. Ми одржа лекција дека јас таму не сум смо обичен работник, келнер, туку морам да ги задоволувам луѓето кои даѓаат таму. Сакав да побегнам. Но, залудно кога документите ми беа во него. Останав една вечер до 2 часот на полноќ во локалот. И наеднаш некој дојде на врата. Полиција, инспекција. Бев среќна во тој момент. Веднаш станав. Ракажав што ми се случи. Бев приведена. Четири дена бев во затвор. Но, и мојот газада исто. Ме вратија назад во Македонија. Сега сум тука. Но, научив добра лекција, – раскажува девојката.

Извор: Скопје24.мк