6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Падна првата жртва на Пактот за миграција, белгискиот премиер поднесе оставка

    Премиерот на Белгија, Шарл Мишел објави пред пратениците дека поднесува оставка. Тој поднесе оставка под притисоците на неговата влада по излегувањето на најголемата колаициска партија, поради неговата поддршка на Договорот на ОН за глобална миграција.

    „Донесов одлука да поднесам оставка и планирам веднаш да одам кај кралот, да му ја предадам“ рекол Мишел по расправата во Претставничкиот дом и заканите дека левицата ќе поднесе предлог да му се изгласа недоверба.

    Некои пратеници бараа тој да прифати гласање за недоверба на малцинската влада, но Мишел досега тоа го одбиваше, иако изгледало дека оваа недела тоа гласање ќе биде неизбежно.

    Белгиската влада мораше да биде реконструирана минатата недела затоа што најголемиот коалициски партнер се спротивстави на одлуката на премиерот Шарл Мишел да го потпише пактот за миграција, необврзувачки договор на ОН, чија цел е да обезбеди организирана меѓународна миграција.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.