6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Од десетте најбогати светски градови, само еден е во Европа

    Студија спроведена од страна на истражувачката куќа New World Wealth покажала дека Лондон е единствениот европски град на листата со десет најбогати градови во светот. При креирањето на листата предвид било земено богатството на населението, односно вкупното приватно богатство, пренесува „Индипендент“.

    Според резултатите од истражувањето, утврдено е дека приватното богатство кај десетте најбогати градови се движи меѓу милијарда и три милијарди долари. Инаку, истражувачите сметаат дека вкупното приватно богатство е порелевантен показател на состојбите отколку БДП на градовите.

    Во продолжение ова е ранг-листата на десетте најбогати градови во светот:

    1. Њујорк, САД (3 милијарди долари)
    2. Лондон, Велика Британија (2,7 милијарди долари)
    3. Токио, Јапонија (2,5 милијарди долари)
    4. Силиконската долина, САД (2,3 милијарди долари)
    5. Пекинг, Кина (2,2 милијарди долари)
    6. Шангај, Кина (2,1 милијарди долари)
    7. Лос Анџелес, САД (1,4 милијарда долари)
    8. Хонг Конг (1,3 милијарда долари)
    9. Сиднеј, Австралија (1 милијарда долари)
    10. Сингапур (1 милијарда долари)

    Сепак, резултатите од листата треба да се земаат со претпазливост бидејќи тоа не значи дека сите жители на овие градови се богаташи. На пример, во Лондон постои огромен јаз меѓу најбогатите и најсиромашните жители.

    „Добро е познато дека економската нееднаквост во Обединетото Кралство е голема во споредба со другите напредни економии“, смета истражувачот Абигејл Мекнајт.

    Компанијата „Евромонитор интернешнл“ утврдила дека слична е ситуација и во Лос Анџелес и Њујорк, каде што има највисоки нивоа на нееднаквост во приходите.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.