Малку жени можат да се пофалат дека немаат целулит. За појавата на грозна кожа со целулит влијаат многу фактори. Тоа може да биде наследно, поради хормонална нерамнотежа, неправилна исхрана, недоволна физичка активност, стрес, недоволен сон…

Па затоа, ако сакате да го намалите или да ја спречите појавата на целулитот треба да обрнете внимание на исхраната. Треба да обрнете внимание на храната која организмот ја прифаќа и ја складира во масни наслаги, а со тоа и создавање на целулит.

Од исхраната треба да ги исклучите простите шеќери, масната храна која ја задржува водата во организмот, зачините, солта, дименото месо, сите видови на преработки на месо, торти, колачи, чипсови, мајонез, суво овошје, џем, алкохолни пијалоци, супата од кесичка и конзервирана храна. Сето тоа е храна која ја јадеме и се претвара во целулит.