Драга моја сопруго,
Ти го пишувам ова писмо за да ти кажам дека те напуштам засекогаш. Ти бев одличен сопруг 7 години и не добив ништо со тоа. Овие последни 2 недели беа пеколни. Твојот шеф се јави да ми каже дека си дала отказ од работа денес и тоа беше последната капка.

Минатата недела, си дојде дома и не забележа дека се потшишав, го подготвив твоето омилено јадење и дури облеков нови свилени боксерки. Кога си дојде дома изеде сè за 2 минути и веднаш си легна да спиеш, секако откако ја изгледа твојата омилена сапуница. Повеќе не ми кажуваш дека ме сакаш и не ме допираш. Или ме изневеруваш или повеќе не ме сакаш; без разлика за што станува збор, јас си одам.

П.С. Доколку се обидуваш да ме пронајдеш, немој. Твојата сестра и јас се селиме во Западна Вирџинија – заедно!

Среќно во животот!

Твојот поранешен сопруг!

А, ова е одговорот на напуштената жена на неговото заминување

Драг поранешен мажу,

Толку се израдував откако го примив твоето писмо. Вистина е дека во брак бевме 7 години, иако не можам да речам дека ти беше добар маж. Постојано гледав сапуници, во обид да не го слушам твоето постојано жалење и кукање. Штета што тоа не функционираше. Забележав дека си се потшишал минатата недела, а првата работа којашто ми дојде на ум беше: „Изгледаш ужасно!“ – сакав да ти го речам тоа, меѓутоа мојата мајка ме научи да не велам ништо, ако немам да кажам нешто убаво.

Кога го подготви моето омилено јадење, сигурно си ме измешал со сестра ми, бидејќи престанав да јадам свинско месо пред 7 години. Си легнав да спијам кога те видов со боксерките на кој сè уште стоеше етикетата. Се молев да е случајност тоа што сестра ми побара на заем, иста сума колку што чинеа боксерките.

И покрај тоа, сè уште те сакав и чувствував дека работите можат да се средат, така што, кога открив дека добив на лотарија 10 милиони долари, дадов отказ на работа и купив два билети за Јамајка. Но, кога си дојдов дома, тебе те немаше. Претпоставувам, сè се случува со причина.

Се надевам дека ќе имаш убав живот каков што отсекогаш си сакал. Мојот адвокат ми соопшти дека поради писмото коешто го напиша е осигурување дека нема да добиеш ништо од парите. Затоа, чувај се.

П.С. Не знам дали некогаш сум ти го кажала дека мојата сестра Карла, беше роден како Карл. Се надевам тоа не претставува никаков проблем за тебе.

Чувај се,

Твојата поранешна соруга!