Добрата вест овој пат е дека нема да морате многу да се потите во теретана или да гладувате. Звучи неверојатно, но сосема е изводливо доколку малку се помачите и се одречете од секакви благи работи, грицки, мрсна и калорична храна во текот на четири дена и се задржите на здрави намирници.

Решението доаѓа од нутриционистката Синтија Сас која направила рецепт за диетален пијалoк со помош на кој можете да го намалите обемот на половината за дури 10 сантиметри, што е пропорционално на губење на околу 3 килограми, и тоа за само 4 дена!

За подготовката на овој волшебен пијалак ќе ви биде потребно:

  • 2 литра вода,
  • 1 краставица,
  • 1 лимон,
  • 1 лажичка ѓумбир во прав,
  • 12 листови нане.

Измијте го убаво лимонот, заедно со кората исечете го на тенки кругови и ставете го во соодветен сад со 2 литри вода. Исто така измијте ја и краставицата, исечете ја на кругови и додадете ја во водата, а потоа додадете ги и листовите нане и ѓумбир. Измешајте ги убаво сите состојките, поклопете го садот и оставете го во фрижидер во текот на ноќта.

Наутро кога ќе станете напијте се од пијалакот и испијте ја целата количина во текот на денот. Вечерта подгответе нова доза за следниот ден. Треба да го пиете пијалакот барем 4 дена и да не пиете никакви други течности за да ги постигнете предвидените резултати. Пијалакот толку многу ќе ви се допадне што ќе продолжите и понатаму да го пиете.