Со сите овие мажи е тешко да се живее. Но, поради нивниот недостиг на чувства, големо нетрпение за било што –што е ограничено или строго утврдено со правила, сопругата на овој тип ќе мора да ги прошири хоризонтите, за да биде заедно со него на рамна нога. 

Нивните страсти се спортски и авантуристички. Тие се весели и интересни момци, кои љубовта ја доживуваат како среќна околност. Сите нивни чувства и желби се насочени на брза и моментна акција.

РАК

Заедничкиот живот со мажот во знак Рак, навистина е тежок, и покрај уверувањто дека Раковите се пријатни лица. Овој тип е можно да се стави во две групи: во првата спаѓаат мажи кои си го сакаат домот, но се напорни, ситничари и критичари. Во вториот тип спаѓаат пасивни, мрзеливи и незаинтересирани мажи, кои наоѓаат жена најчесто од корист, поради наследство или положба, односно бараат начин преку нејзе лесно да се пробијат во животот.

Секако, овој тип е интересен и симпатичен, но само тогаш кога тој тоа самиот ќе го одбере. Меѓутоа, било кој маж Рак, во кој било тип да припаѓа, поминува многу повеќе време во домот од било кој друг знак. Има длабоко традиционални погледи за домот и семејството и многу квалитети кои се однесуваат на жената од овој знак.

Иако ги сака жената и децата, тој во суштина со ништо не е задоволен до крај: секогаш наоѓа нешто да критикува и да се жали.

Овие луѓе се многу сензуални и бараат непрекината еротска стимулација. По правило се доволно верни, доколку нивните желби се задоволени дома. Тој исто така е плашлив, па затоа колку може ги одбегнува опасностите.

ШКОРПИЈА

Со него е најтешко да остварите брачна хармонија или успешен заеднички живот. Единствен начин на кое што тоа сепак е изводливо, е доколку неговата сопруга биде секогаш во сенка и слепо да го следи во сите негови настојувања.

Не поднесува доминантни жени во било кој поглед. Тој е типична старомодна душа, во домот е тиранин, како и во останатите видови социјални комуникации. Неговите љубовни реакции се толку силни и екстремни, па некогаш е склон и кон насилство.

Меѓутоа и овој знак сепак има неколку шанси за среќа. Пред се’, тој е често успешен во својата работа и способен сам да постигнува големи успеси и да ги издржува својата жена и деца, кои најчесто ги обожува. Тој е многу посесивен и љубоморен маж.

Всушност, без разлика на тоа колку љубов и внимание му е посветено, тој секогаш наоѓа причина за сомнеж и секогаш ќе мисли дека жена му и партнерите на работа му работат зад грб. Иако најчесто се’ си умислува, во некоја рака тоа секогаш ќе му биде основната причина.

Во длабочината, неговите чувства за жената и децата се навистина племените, но тој никогаш нема да научи да ги изразува на вистински начин. Неговата себична љубов му го загорчува живото и нему и на другите.

Сексуалната незаситност е иста така дел од неговата природа. Неговите апетити се огромни, а и задовоството кое го сака, исто така.

СТРЕЛЕЦ

Овој тип маж бара мудра и тактична жена. Ова е во суштина, карактеристика на сите мажи, но со таа разлика што Стрелците повеќе ситничарат и повеќе ги забележуваат лошите страни и грешки на својот партнер. Не е баш „роден“ за брачен, односно, семеен живот.

Неговиот интерес за светот е огромен. По природа е хуман, па така на некој начин учествува во работата на различни социјални организации и во решавање на некои практични проблеми на својата заедница.

Тој, во секој поглед е човек од јавноста. Толку е мегаломан што дури понекогаш сопствениот живот му изгледа малечок и неинтересен.

Доколку се сменат неговите вкусови, не гледа зошто би продолжил со изразување на симпатиите кон некое лице. Дури, и ако ништо посебно не му пречи, животот и љубовта ги смета само за спортски игри. Секако, тој е „силен“ во бракот.

Неговата жена мора да биде со широка свест, ослободена од љубомора и помалку безлична, па дури и ако тоа не е нејзината природа. Таа мора да биде вистински уметник за да може во се’ да го следи и да ги задоволува неговите интереси.