6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Мозокот и бил мртов, па ја држеле 123 дена во живот и ја породиле – еве како изгледаат децата

    Ана Виториа имала 1,4 килограми, а нејзиниот брат Асаф 1,3 килограми кога се родиле. Нивната здравствена состојба одговарала на деца кои се прерано родени.

    Френклин Де Силва Замполи Падила, 21-годишна девојка од Бразил во 2016 година доживеала мозочен удар. Тогаш била во деветтиот месец од бременоста. Иако мозокот повеќе не и покажувал знаци на живот, нејзините останати органи нормално функционирале.

    Докторите на нејзините близнаци им давале три денови живот, но ултразвукот покажувал дека се сосема добро. Ја одржувале 123 дена во живот поради нејзините деца.

    Екипата од болницата ја уредиле собата во која лежела мајката со нејзини фотографии и им пееле на неродените деца, со цел тие да почувствуваат барем малку мајчинска љубов.

    Кога се родиле близнаците, мајката била исклучена од апарати, а децата три месеци биле во инкубатор. Таткото Муриел кој со Френклин претходно има ќеркичка, близнаците ги нарекува вистинско чудо.

    Близнаците се весели бебиња и растат и се развиваат нормално со поддршка од целото семејство, за да не им недостасува мајчинска љубов.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.