6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Младата 24 годишна жена која почина од Ковид немала претходни заболувања

    Дваесет и четиригодишната пациентка од Тетово која почина од Ковид, немала никакво претходно заболување. Tака стои во медицинското досие на Клиникатата за инфективни болести каде што се лекуваше од 28 јуни, кога била донесена во многу тешка состојба.

    Токму, тоа дека нема никаква претходни заболувања во анамнезата создава дилема кај инфектолозите, како можело да се случи толку млада и на изглед здрава жена, да почине од компликации од Ковид-19.

    Пациентката била болна една недела пред прием на Клиниката за инфективни болести. Имала покачена температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато дишење. Лекувана е од матичен лекар со инфузиони раствори 4 дена, а поради опстојување на тегобите се јавиле во болницата во Тетово.

    Направен е тест за Ковид, добиен е позитивен наод и пациентката е хоспитализирана. Со тешка клиничка слика, ниска сатурација и отежнато дишење е префрлена на Инфективната клиника во Скопје на 28 јуни.

    Во тек на лекувањето на клиниката се применети сите можности за лекување, била и на кислородна поддршка, по што се забележа извесно подобрување, велат од клиниката.

    Младата жена била кратко време во брак, немала деца и работела како сметководителка. Таа се најде на листата на денешниот Ковид биланс, меѓу осумте починати во последното деноноќие.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.