6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Лондон е најзелениот град во Европа

    Лондон ја доби титулата најзелен град во Европа благодарение на тоа што 40 отсто од површината е всушност зелена површина, со дури 8 милиони стебла.

    Лондон е еден од најразвиените градови во светот и го има најнаселеното урбано подрачје во Европската Унија и второ најголемо во Европа. Спротивно на јавното мислење, овој град има многу зелени површини и паркови кои му даваат посебен изглед. Лондонските паркови се едни од најпознатите туристички локации.

    Хајд парк е еден од најпознатите паркови во светот. Во него има 4 000 стебла, големо езеро и разни видови животни. Риџентс парк е со површина од 1,6 километри квадратни, а е направен во 1811 година. Познат е по прекрасните цветни градини и најголемото отворено игралиште во Лондон.

    Паркот на свети Јаков е окружен со три кралски палати, а се простира на површина од 23 хектари. Познат е по езерото со пеликани и парадата на кралската коњаница, а во зградата наречена The Mall во текот на годината се одржуваат разни, најчесто кралски, церемонии.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.