Со просечен дневен досег од 35,58 отсто „Сител“ и натаму останува најгледана национална телевизија во Македонија, покажаа најновите податоци за досегот на вкупната гледаност на телевизиските станици за третиот квартал годинава на Агенцијата за медиуми.

На прашањето кои домашни канали ги гледавте вчера, по „Сител“ како најгледана телевизија, гледачите се изјасниле за „Канал 5“ – 28,88 отсто, трета е „Телма“ со 18,83 отсто и „Алсат-М“ со 14,92 отсто.

Од сателитските телевизии најгледана е „ТВ 24“, која е петта по гледноаст со вкупен процент од 13,79 отсто. Веднаш зад неа се „Алфа“ и МРТ 1. Неколку скалила подолу се „Нова ТВ“, „ТВ 21“ и „Шења“.

Анкетирањето е извршено преку телефонско интервју со помош на компјутер. Податоците се обработени групно и анонимно. Вкупниот примерок го сочинуваат 2.400 испитаници.