6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Кошаркарскиот Суперкуп загревање за новата сезона

    Новата кошаркарска сезона во Македонија официјално ќе започне в четврток, кога ќе се одиграат двете полуфинални средби во Суперкупот. Покрај бранителот на титулата МЗТ, во Суперкупот уште ќе учествуваат Фени индустри, Куманово и Карпош Соколи.

    mkf_kosarka

    Сезоната во мак кошарката ќе ја отворат МЗТ и Фени индустри, во првото полуфинале во рамките на Суперкупот, додека во вториот меч силите ќе ги одмерат Карпош Соколи и Куманово.

    Тренерите на тимовите учесници, на прес конференцијата одржана во пресрет на овие натпревари, се согласија дека Суперкупот е добра можност за подигнување на формата и согледување на она што го сработиле со нивните кошаркари од почетокот на подготовките.

    „За нас ова е еден дел од подготовките, кои полека ни влегуваат во завршна фаза. Дури вчера го одработивме првиот тренинг на кој ни се приклучија Клоп и Томас. Ни треба време да се воиграме, ни требаат натпревари, така што ќе ги искористиме овие мечеви од Суперкупот и од турнирот во Кавадарци кои што ни следува. Добри мечеви за да ја дотераме формата за натпреваирте во АБА лигата и Еврокупот“, рече Емил Рајковиќ, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром.

    МЗТ го брани трофејот, а противник во полуфиналето ќе му биде Фени индустри екипа која на 10.август ги започна подготвките, а во комплетен состав работи од понеделникот кога на тимот му се приклучи репрезентативецот Кирил Николовски.

    „Имавме време да ја воиграме екипата, со доаѓањето на Николовски тимот е комплетен. Влегуваме во една натпреварувачка фаза, во којашто сме доволно подготвени за Суперкупот, остануваат само уште некои мали детали кои треба да ги исправиме“, рече Љупчо Малинков тренерот на Фени индустри, екипа која сезонава ќе настапува и во БИБЛ лигата.

    Втората полуфинална двојка ја формираа Куманово и Карпош Соколи, тимови кои ќе играат и во меѓународна конкуренција, Куманово во БИБЛ лигата, а Карпош Соколи ќе дебитира во АБА лигата.

    „Ние од некои други причини сме на почеток на подготвките и сме во фаза на формирање на тимот. Во понеделникот го имавме првиот вистински кошаркарски тренинг. Значи за разлика од другите доста доцниме со подготовките. Овој меч со Карпош Соколи ќе ни биде прв во сезоната. На овој меч ќе биде добра можност да ги видам новите засилувања на дело, односно колку тие ќе можат да ни помогнат во домашната лига и во БИБЛ“, рече предводникот на Куманово, Марјан Србиновски.

    „И ние како и Куманово доцниме со подготовките. Доцна дознавме дека ќе играме и АБА лига. Ние започнавме да формираме тим кој ќе се бори за врвот во македонската лига, поради тоа имавме и некои проблеми. Потоа започнавме да бараме играчи за во Јадранската лига, каде цел ќе ни биде да избориме опстанок. Пред десетина дена во тимот пристигнаа двајца Американци. Во однос на минатата сезона тимот е видно изменет. Суперкупот го перципираме како загревање за новата сезона и можност да видиме што сме сработиле во подготвителниот период“, рече тренерот на Карпош Соколи Синиша Матиќ.

    Суперкупот го отвораат МЗТ и Фени индустри, в четврток во 18 часот, а од 20:30 часот играат Куманово и Карпош Соколи. Финалниот меч ќе се одигра в петок од 20:30 часот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.