По поразот од Данска со убедливи 20:31 во последното коло од главната фаза на ЕП, Македонија го заврши шампионатот на 11 место.

Иако имавме одлична прва фаза, сепак го загубивме здивот во Вараждин, и претрпевме три порази од Чешка, Данска и Шпанија.

Тренерот на Охрид, Горан Андоновски, по завршувањето на нашиот настап на континенталниот шампионат напиша интересен статус на неговиот Фејсбук профил.

„Сегако кога Раул ќе замине во ПСЖ како што е редот селектор ќе се бара меѓу Каменица, Кокшаров или Дибирова. Нашиве тренери со највисоки лиценци нека се селектори на Грузија, Израел…Нормално и помошници од странство. А, се извинувам од вечерва е слободен и Червар.“ – напиша Андоновски.

Извор: 24Rakomet.mk