6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    „Инстаграм“ одговорен за уништувањето на еден од најубавите природни пејзажи во светот

    Социјалната мрежа „Инстаграм“ е виновна за уништување на природинте убавини на сојузната американска држава Вајоминг, тврдат засегнати здруженија.

    Минатата недела, туристичка организација од Вајоминг побара од посетителите да престанат да се означуваат на социјалната мрежа пред обиколката на познатото езеро Делта, со цел да се заштитат шумите и езерата од големиот број на туристи.

    Објаснувајќи го апелот, Брајан Модена, еден од челниците на организацијата предупредува дека животната средина е под закана од големиот број на посетители, кои се привлечени од прекрасните прејзажи што ги гледаат на „Инстаграм“.

    „Корисниците на ‘Инстаграм’ почнаа да објавуваат слики од врвот кон езерото. После тоа започна метежот на ова место“.

    Интересно е тоа што до пред неколку години, во просек само двајца или тројца туристи дневно пешачеле околу езерото Делта, а денес истата активност ја реализираат околу 145 луѓе дневно.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.