Бидете како Клеопатра! Следете ги советите на овој древен египетски рецепт што ги открива тајните на заведувањето и бидете сигурни дека полесно ќе го освоите оној што ви се допаѓа со вашето најмоќно оружје.

Ќе дознаете што најмногу сака тој, па искористете ја вашата женствена мудрост…

Египетскиот хороскоп е поделен на 12 знаци, а со секој од нив господари по едно божество. Старите Египќани го користеле истиот да им помогне полесно да го освојат оној кој им се допаѓал.

Амон, Бог на пророците (1 јануари – 2 февруари)

Оние родени под знакот на Амон се упорни, ненаметливи и многу емотивни. Иако дејствуваат незаинтересирано, својата волја ја спроведуваат тивко и полека. Лицето што им се свиѓа го освојуваат така што едноставно ќе седнат до него и „ќе зрачат среќа“. Амоновите припадници се многу лојални и не толерираат неверство. Доколку врската тргне во лоша насока, веднаш ја прекинуваат, затоа што не се заинтересирани за нешто што нема иднина. Во љубовниот живот ги штити Амон, врховниот бог на Египет. Нивната боја е златна, а умот, т.е. интелигенцијата е нивното најголемо оружје за заведување.

Шебек, бог на реката Нил (3 февруари – 4 март)

Лицата под овој знак понекогаш се заслепени од надворешната убавина и сјај, но, за среќа, брзо се враќаат од трансот. Во љубовните врски инсистираат на интелектуално разбирање, ама се нестабилни и тешко може да се смират крај една личност. Многу се искрени и не опростуваат лага. Сексот им е важен, па затоа бараат партнер со исти еротски интереси и склоности. Нивниот заштитник е бог-крокодил, чувар на светата река Нил и античкото богатства на Египет. Омилена боја им е сината, а заведуваат со својата оригиналност.

Озирис, бог на плодноста (5 март – 9 април)

Романтични и сензуални, децата на Озирис ја сакаат природата, поезијата и животните. Неопходни им се љубовта и нежноста, без нив се чувствуваат целосно изгубени. Во младоста се склони кон идеализирање на љубовниот партнер, поради што често доживуваат разочарување. Подоцна, на врските им пристапуваат повнимателно, а кога ќе се вљубат, се исклучително верни и страствени. Ги привлекуваат искрени личности, не премногу разуздани во сексот, бидејќи се доста конзервативни. Родените во овој знак ги штити Озирис – богот на плодноста. Нивната боја е индиго сина, а во заведувањето го користат своето најмоќно оружје – погледот.

Птах, Бог на вистината (10 април – 2 мај)

Во љубовта се импулсивни, полни со барања и инсистираат на искреност. Птах е Бог на вистината и родените во овој знак не се согласуваат на врски што се базирани на измама. Многу се нетрпеливи и неретко поради избрзани одлуки прекинуваат квалитетни врски, бидејќи не успеваат да навлезат во суштината на партнерот. По природа често се вљубуваат, нагласено се страстни и сакаат сè сега и овде. Сепак, многу се внимателни при избор на брачниот партнер. Црвената боја им носи среќа, а заведуваат со својата смеа.

Хорус, Бог на животот (3 мај – 16 јуни)

Непостојани како пеперутка, децата на Хорус, бог на небото, тешко остваруваат цврсти врски. Имаат немирен дух, склони се кон љубовни авантури и секс за една ноќ. Постојано се во потрага по идеален партнер, за нив во почетокот секој „е оној правиот/онаа вистинската“. За да се скрасат во една врска, саканото лице мора да биде силно и стабилно. И најмала трага на посесивност ќе го избрка овој знак. Килибарната боја им носи среќа, а нивното најсмртоносно оружје за заведување едуховитоста.

Нефтис, божица на љубовта (17 јуни – 21 јули)

Владетелката на овој романтичен знак е преубавата Нефтис, божица на љубовта. Нејзините деца се неверојатно верни, тежнеат кон тоа со саканото лице да се соединат и со тело и со душа. Во непрекината потрага за по својата втора половина, па понекогаш се случува да „го изгубат компасот“ и почнуваат да талкаат од еден до друг партнер/ка. Склони се кон мечтаење, ама знаат како да ги материјализираат своите соништа. Исклучително се креативни и мора да се искажат преку некоја форма на уметноста. При заведување треба да се потпрат на својот изглед којшто ќе биде попривлечен доколку носат бела боја.

Сет, богот на молњата и бурите (22 јули – 18 август)

Сет е бог на молњата и бурите и на припадниците на овој знак им дава интензивна страст. Ним им треба личност со избалансиран карактер и темперамент која ќе знае како да се справи со нивните бурни емоции. Многу им е важно нивниот партнер да биде привлечен и за другите и сакаат кога во јавност ги опсипува со внимание. Децата на Сет освојуваат со својот достоинствен изглед и аристократско држење на телото, а нивните бои се портокалова и златна.

Анубис, бог-заштитник (19 август – 21 септември)

Анубис на своите деца им обезбедува среќен и мирен љубовен живот. Родените во овој знак се одговорни, интелигентни, чесни, емотивни и романтични, а недостаток им е што немаат иницијатива. Во потрага се по некој кој ќе знае како да ги препознае нивните квалитети. Сакаат да бидат заведувани, и тоа полека, а од врската очекуваат сигурност. Нивниот идеален партнер мора да биде загонетен и малку мистериозен, бидејќи ги одбива преголемата искреност и отвореност. Нивната боја е темно сина, а оружјето за заведување е нивната интелигенција.

Ра, бог на Сонцето (22 септември – 15 октомври)

Одмерени, полни со љубов и внимание, родените под заштита на богот Ра со леснотија го наоѓаат лицето за живот во пар. Со задоволство примаат комплименти, ама и дарежливо ги делат. Во друштво се многу омилени и едноставно впленуваат со својата неодолива харизма. Недостаток им е што се колебливи и што тешко се одлучуваат при избор на партнер, особено ако разумот им се бори со срцето. Доколку сакаат среќна иднина, не треба да се осврнуваат на минатото. Зелената боја им носи среќа, а заведуваат со својот шарм.

Изида, божица на чудата (16 октомври – 9 ноември)

Изида е божица на плодноста, заштитничка на бракот и мајчинството, но и на чудата. Луѓето родени под нејзина заштита имаат силна интуиција и магична моќ. Нивната волшебна насмевка едноставно маѓепсува, па не им е тешко да го освојат личноста која им се допаѓа. Во љубовта се предаваат со сето свое срце, затоа што сакаат да ја направат среќна саканата личност. Исклучително се страсни и ослободени од секакви предрасуди, за нив не постои забрането овошје. Црвената боја им носи среќа, атаинственоста е нивното моќно оружје.

Тот, бог на мудроста (10 ноември – 3 декември)

Родените под знакот на Тот, бог на мудроста, тешко ги изразуваат своите чувства, но секогаш делуваат расположено и безгрижно. Ги привлекуваат авантури и нови пријателства, а најмногу им одговараат личности кои ќе бидат нивно „сигурно пристаниште“, каде ќе се враќаат по возбудливи авантури и патување. Комплицирани се и често го менуваат расположението, па претставуваат вистинска мистерија за другите луѓе. Среќната боја им е пурпурната, а најмоќното оружје – оптимизмот.

Хатор, божица на уметноста (4 декември – 31 декември)

Тие се „вљубени во љубовта“. Потребен им е партнер кој ќе ги разбере и кој ќе знае како да ги инспирира чувства што им се вртложат во длабочините на нивната душа. Хатор е божица на уметноста и музиката и нејзините деца ги красат нежни емоции. Колку и да ја посакуваат вистинската љубов, во исто време се плашат од неа, поради што понекогаш се однесуваат воздржано и студено. Имаат голем сексуален потенцијал и се верни брачни другари. Нивната боја е темно зелена, а заведуваат со својата мистериозост и независност.