6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ЕВРО2016: Унгарците во финишот му земаа бод на Исланд, нови безредија

    Унгарците, со автоголот на Биркир Северсон на две минути пред крајот освоија бод против незгодниот Исланд кој поведе од пеналот на Гилфи Сигурдсон во 40 минута, во второто коло од Групата Ф на европското фудбалско првенство, а и овој меч одигран во Марсеј остана одбележан со безредија на трибините. 

    ungarija_island

    Унгарците така, по победата над Австрија во првото коло, имаат четири бодови и се најпријатното изненадување на првенството. Исланд, пак, пропушти шанса да го здобие тој епитет, па во последното коло токму против Австрија ќе се обиде со победа да ѝ конкурира на Унгарија и да се пласира во осминафиналето барем како една од четирите најдобро пласирани трети екипи во групната фаза.

    Првото полувреме измина во слаб фудбал без вистински шанси, а Унгарците не упатија ниеден шут кон исландскиот гол иако топката во свој посед ја имаа дури 70 отсто. Исланд половина час трпеливо се бранеа а во 31 минута Гудмундсон од близина шутираше во унгарскиот голман Кираљи, кој пак му кумуваше на пеналот досуден во 40 минута, кога ја испушти топката од своите раце а бекот Кадар го собори Гунарсон. Прецизен реализатор беше најдобриот исландски фудбалер Гилфи Сигурдсон.

    И во второто полувреме не се смени ништо позначајно, Унгарците имаа јалов посед на топката, а Исланѓаните од контранапад ја чекаа својата шанса да го решат мечот. И кога веќе се очекуваше крајот, во 88 минута Унгарија изедначи со автоголот на Северсон. По десната страна се проби резервистот Николиќ, кој остро уфрли во петерецот, каде се најде несреќниот исландски бек. Во четвртата минута од судиското продолжување Исланд имаше колосална шанса, но ударот од близина на ветеранот Гудјенсон беше блокиран во последен момент.

    Пред почетокот на натпреварот на трибините дојде до физичка пресметка меѓу две групи унгарски навивачи, а потоа следуваше и тепачка со обезбедувањето на стадионот, по што унгарските навивачи фрлаа факели на теренот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.