Научниците утврдија дека проѕевањето е многу посложена појава отколку што до сега се веруваше. Тоа може да се појави од различни причини и да има различни функции.

Станува збор за средство кое во стресни периоди овозможува да го одржиме мозокот во будна состојба. Кај многу животински видови заразното приѕевање е начин да се заштити семејството и пријателите така што сите во групата ќе останат во состојба на подготвеност. Појавата, која обично трае околу шест секунди и често се јавува во серии, предизвикува хемиски промени во мозокот.

Долго време се веруваше дека проѕевањето е начин да се компензира недостигот на кислород во организмот, а нашата склоност да се проѕеваме кога ќе видиме други да го прават тоа е погрешно толкување како израз на емпатија.

За да влеземе во сржта на проѕевањето, научниците направиле низа експерименти со група луѓе и животни. Нивната основна хипотеза е дека значајната улогата на проѕевањето е во тоа да го одржи мозокот ладен за да може оптимално да функционира.

Мозокот е многу чувствителен на загревање, а Ендру Галуп, асистент на Катедрата за психологија на Државниот универзитет во Њујорк во Онеонт, тврди дека помнењето слабее кога оптималната температура на мозокот од 37  Целзиусови степени ќе порасне помалку од еден степен.

Експериментите со глувците покажаа дека вдишувањето студен воздух ја намалува температурата на мозокот така што ја лади крвта која оди до мозокот.

Стресот и анксиозноста предизвикувааат загревање на мозокот, а проѕевањето го лади и обезбедува негова максимална ефикасност, вели д-р Галуп. Со тоа може да се објасни зошто често се проѕеваат луѓето од кои тоа не би очекувале, како падобранци кои се подготвуваат да скокнат од авион, или луѓе кои треба да одржат говор.

Во рамките на истражувањето од 2012 година чии резулати се објавени во весникот Journal of Comparative Psychologie, д-р Галуп и неговите колеги ја набљудуваа оваа појава кај четири групи папагали, од видот мал александар. Кога некои папагали од едната група се вознемириле поради гласните звуци, сите почнале да се проѕеваат, што во другата група не беше случај. Научниците веруваат дека тоа е доказ дека заразното проѕевање има функција да ја одржи групата во приправна состојба.

Научниците идентификуваа и некои од хемиските промени во мозокот кои го поттикнуваат проѕевањето. Рецепторите кои учествуваат во пренесувањето пораки до мозокот функционираат со помош на хемиската супстанца допамин. Нивото на допамин е најголемо рано наутро, па сосема е логично што луѓето да се проѕеваат кога ќе се разбудат, објасни д-р Галуп.

Некои рецептори одговорни за проѕевањето реагираат на опиоидите, што објаснуа зошто зависните од хероин во текот на одвикнувањето многу често го прават тоа.

Истражувањата покажуваат дека повеќе се проѕеваме кога сме уморни, но не е јасно зошто. Д-р Галуп смета дека причина е во тепмпературата на мозокот која е највисока во текот на ноќта, а некои научници веруват дека проѕевањето ја следи промената на состојбата, на пример, преминување од спиење во будна состојба.