Фотографии од две кинески момчиња кои патувале 80 километри, возејќи се во подвозјето на автобус, предизвикаа вознемиреност кај јавноста во врска со благосостојбата на децата во земјата.

Децата, кои не се именувани, се од сиромашно село во јужната провинција Гуангкси и се обидувале да дојдат до нивните родители, кои работеле во соседната провинција Гуангдонг.

Децата пред три дена биле пријавени за исчезнати од страна на нивниот наставник, а биле пронајдени во подвозјето на возило на автобуска станица. Според некои кинеските медиуми, момчињата, на возраст од осум, односно девет години, биле пронајдени од страна на безбедносните работници кога возилото застанало на автобуска станица.

“Децата беа навистина слаби, па подвозјето беше добар скриен простор за нив”, изјави еден работник за весникот.

Според информациите, момчињата не сакале да зборуваат кога биле испрашувани. Нивните роднини биле информирани и децата биле земени истата вечер.