6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Децата се плашат од него: Никој нема одговор што му се случи на ова момче (ФОТО)

    Бајезид Хосаин од Магуре во Бангладеш, изгледа многу постаро, иако има само четири години. Очите му се пропаднати, кожата на лицето му се набира, пати од болки во зглобовите, има проблеми со мокрењето и забите му паѓаат.

    Ова момче боледува од прогерија, болест на предвремено стареење која што обично завршува со смрт за време на првата или втората деценија од животот. Причината е најчесто забрзана астероклероза.

    Се претпоставува дека оваа болест го инспирирала Френсис Скот Фицџералд да ја напише „Необичниот случај на Бенџамин Батон“ според која е снимен и истоимениот филм со Бред Пит во главната улога.

    Иако болеста не е заразна, сепак луѓето го избегнувале Бајезид, а децата се плашеле да си играат со него, иако ова момче е надпросечно интелигентно. Бајезид исто така боледувал и од пореметувањето наречено “Cutis Laxa” поради кое кожата ја губи еластичноста, пренесува „Дејли Мејл“.

    18-годишната мајка на Бајезид вели дека е запрепастена од тоа колку нејзиниот син е интелигентен, но вели дека срцето ѝ се крши поради неговата болест и изглед.

    -Бајезид ги направи првите чекори на три години, но на три месеци ги имаше сите заби. Неговиот физички развој е абнормален, но ментално е бистар, прекрасно е да се разговара со него и свесен е за тоа што му се случува.

    Тој не изгледа како и другите деца, изгледа како старец. Тој е моето прво дете и многу ми е тешко да го гледам, вели Трипт Хатун.

    Кога детето се родило во 2012-та година, таа и нејзиниот сопруг, 22-годишниот Ловелу Хосаин биле крајно разочарани затоа што докторите не знаеле што да прават. Веста се проширила во нивното село, а луѓето секојдневно доаѓале пред нивната куќа за да го видат необичното дете.

    Сепак, никој не понудил никаква помош. Луѓето се плашеле од детето, но исто така ги обвинувале и родителите кои што биле први братучеди.

    Во руралните краеви на Бангладеш и на југоистокот на Азија бракот помеѓу братучедите воопшто не е ретка појава, а мајката и таткото на Бајезид се венчале на само 13 години.

    Бајезид се развивал многу побрзо од другите деца и неговата мајка вели дека е многу тврдоглав и нетрпелив кога сака нешто, но исто така и многу друштвен и комуникативен. Луѓето со текот на времето се навикнале на „старото дете“.

    Родителите ги посетиле сите доктори, шамани и факири и сите луѓе кои што понудиле лекување, но ништо не помогнало.

    -Тој многу добро ја разбира својата состојба, но не сака да разговара за тоа. Тој само плаче кога се чувствува лошо, вели таткото.

    Докторите предвидуваат дека малиот Бајезид нема да живее повеќе од 15 години, а родителите се загрижени затоа што сметаат дека затоа што се сиромашни, не можат да ги добијат сите третмани со кои Бајезид би живеел подолго и поквалитетно.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.