6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Десетици повредени, мртви и затрупани во Сирија и Турција од силните земјотреси вчера, луѓе скокнале од прозорци и покриви

    Најмалку 42 лица се повредени во новите земјотреси што рано вчера ја потресоа Турција, а силно се почувствуваа и во Сирија, јави ДПА. Потресите предизвикаа паника и луѓето скокнаа од прозорците, балконите и покривите на своите куќи во областите под контрола на бунтовниците во северозападна Сирија.

    Имаше и жртви од паѓање плочки и тули во Калкин, Харем, Идлиб, Кирбет ал-Џул, во руралните области во близина на Алепо, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

    Жртви имаше и во Хама, во централна Сирија, а потресите се почувствуваа дури и во регионот на Дамаск, каде луѓето излегоа на улиците на главниот град.

    Потресите се почувствувани и во Либан и Египет, пренесува БТА.
    Во исто време, градоначалникот на Хатај, Лутфју Шаваш, извести дека од двата потреси што се случија денеска таму се повредени осум лица. Турскиот потпретседател Фуат Октај ја потврди веста.

    А според Си-Ен-Ен Турк, една жена дури починала во градот Самандаг, во провинцијата Хатај. Таму беа закопани четири лица.

    Досега се почувствувани 20 последователни потреси по двата силни земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени.

    Во меѓувреме, повеќе од 16.800 сириски бегалци во Турција, кои ги загубија своите домови во катастрофалните земјотреси од 6 февруари, добија дозвола привремено да се вратат во Сирија, јави ДПА.

    Потресите од 6 февруари ги однесоа животите на повеќе од 47.000 луѓе во Турција и Сирија.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.