Мајчинството, па и самата идеја да се биде мајка, може да биде застрашувачка работа. Некои жени посакуваат да станат мајки, се гледаат или замислуваат себеси како мајки, но замислата и реалноста понекогаш знаат да се разликуваат.

Никој не може да замисли што точно го очекува со оваа нова животна улога, но може да претпостави каква мајка ќе биде според својот хороскопски знак:

ОВЕН

Доблести како мајка: Самодоверба, сила и бестрашност

Маани како мајка: Гнев, опсесивност, горделивост и себичност

Начин на кој воспитувате: Вие сте мајка воин и како што пристапувате на сè друго во животот како да е бојно поле, будни и внимателни, такви ќе бидете и како мајка. Пред да ја добиете оваа улога научени сте да бидете независни и самостојни, па на почетокот тешко ќе ви биде на научите дека некоја друга личност зависи од вас, но на крај пак ќе знаете дека сте две одделни личности. Ова и не е така лоша работа, бидејќи вашето дете ќе има слобода за развој. Вие ќе бидете моќен модел и пример за учење кој секогаш е насочен кон своите цели – жена која сака да се најде на врвот.

БИК

Доблести како мајка: Стабилност, упорност и рационално размислување

Маани како мајка: Материјалистички настроени, промени во расположението, суета

Начин на кој воспитувате: Вие се грижите пред сè за безбедноста на вашите деца, а потоа дозволувате забавата да завладее во домот. Понекогаш сте ригидни, но штом ќе бидете сигурни дека сите се сигурни и безбедни, време е за релаксација и уживање. Постои „старомодна“ девојка во секој Бик, па ќе имате неколку правила и стандарди по кој вашите деца ќе мораат да се однесуваат во домот. Најважно, како што вие се грижите за семејниот буџет, така ќе ги научите децата да се грижат за парите. Очекувате да бидете блиски со децата и ќе гледате да бидете нивен пријател пред родител.

БЛИЗНАЦИ

Доблести како мајка: Младост, љубопитност, оригиналност и креативност

Маани како мајка: Недоследност, нетрпеливост, недостаток на ограничувања

Начин на кој воспитувате: Да се биде мајка со „бројни личности“ во себе значи дека никогаш нема да бидете здодевни на вашите деца. Вашето семејство никогаш нема да знае, ниту да биде сигурно што ќе направите или кажете следно. Од една страна тоа е добро, бидејќи вашите деца слободно ќе се развиваат, но од друга страна нема да одредите строги правила и стандарди по кои ќе се водат вашите деца и ќе им дадете целосна, понекогаш преголема слобода да бунтуваат на авторитетите.

РАК

Доблести како мајка: Чувствителност, посветеност, комфор

Маани како мајка: Презаштитнички настроени, промени во расположението, љубомора

Начин на кој воспитувате: Како хороскопски знак кој владее на полето на семејството вие сте супериорна мајка, уште од мала возраст сте научиле како да се грижите – за вашите кукли, миленици, пријатели… Така сега знаете како да се грижите за вашето семејство и секогаш целите кон тоа во домот да им биде најудобно на членовите. Но, од друга страна, бидејќи сте премногу заштитнички настроени, понекогаш знаете да бидете и љубоморни и да не им дозволите на вашите деца да ја градат својата независност.

ЛАВ

Доблести како мајка: Водство, креативност, самодоверба

Маани како мајка: Драматичност, премногу енергија, себичност

Начин на кој воспитувате: Вие сте драматични и креативни, морате пред светот да се покажете во најдобро светло, па ќе се трудите и во улогата на мајка да покажете дека сте најдобри. Вие со срце и душа ќе се посветите да децата и ќе бидете вклучени во секој аспект од нивниот живот – гордост ќе ви биде да воспитате способни граѓани кои утре ќе го сменат светот. Можеби не сте злобни, но знаете да бидете престроги и многу да ги контролирате децата. Имајте на ум дека вашите деца мораат да научат како да сами да се снаоѓаат на овој свет, а не само дека имаат потреба да постојана мајчина заштита.

ДЕВИЦА

Доблести како мајка: Организираност, здрави навики, интелект

Маани како мајка: Преголема грижа, тенденција за преголемо анализирање и осудување

Начин на кој воспитувате: Вие сте чуден микс на контрасти, од една како што е вообичаено за вас, сакате сè да биде под контрола, добро организирано и испланирано, а од друга страна сакате да бидете слободни и да им покажете на децата дека знаете и за забава. Гледате кон иднината и се надевате дека сè ќе биде во ред со вашите деца, дека физички интелектуално ќе се изградат, па понекогаш имате тенденција и премногу да се грижите. Понекогаш на мајчинството ќе гледате како на авантура која ќе ја разбуди филозофската страна во вас.

ВАГА

Доблести како мајка: Трпеливост, праведност, префинетост

Маани како мајка: Нестабилност, суета, снобизам

Начин на кој воспитувате: Вие сакате да „живеете во моментот“, целосно да се посветите на вашите деца и најсреќни ќе бидете во долгите часови кои ќе ги поминувате во тоа да им објасните на децата зошто небото е сино… Целите кон тоа да ги научите децата да се потпрат на вас, но и да трагаат по сопствената независност. Додека го правите тоа, мора да изгледате добро, односно, онака како што се грижите за вашиот изглед, така и вашите деца ќе мораат да бидат дотерани по ваш вкус.

СКОРПИЈА

Доблести како мајка: Сила, интуиција, волја

Маани како мајка: Контрола, параноја, опсесивност

Начин на кој воспитувате: Интересен микс од мајка која сака да контролира, но и да инспирира. Понекогаш, зависно од вашето расположение, ќе посакате децата целосно да зависат од вас, а понекогаш пак, со само еден „страшен поглед“ ќе посакате да им покажете што е лутина. Вие сте заштитнички настроени кон вашите деца, понекогаш премногу. Брзо се навикнувате на новата улога како мајка, а понекогаш станувате и зависни од истата. Она што најмногу го сакате е иднината на вашите деца да биде сигурна, да знаете дека сè им е обезбедено.

СТРЕЛЕЦ

Доблести како мајка: Авантура, мудрост, хумор

Маани како мајка: Нетрпеливост, преголема спонтаност и недостаток на ограничувања

Начин на кој воспитувате: Вие сте најслободниот дух во Зодијакот, па такви ќе бидете и како родители. Ја цените вашата независност и живеете во моментот, најспонтаниот знак кој никогаш нема да ги дисциплинира своите деца. За вас улогата на мајка е голема промена, бидејќи ќе треба да научите како да живеете со уште една личност која зависи од вас. Ќе бидете мајка која знае да ги изненади своите деца со одлична забава или ненадејно патување, но кога ќе дојде време да поставите стандарди… Едноставно нема да сакате да ги ограничувате вашите деца.

ЈАРЕЦ

Доблести како мајка: Планирање, структура, традиционални вредности

Маани како мајка: Преголема грижа, сериозност, недоверба

Начин на кој воспитувате: Јарецот е „татко“ меѓу хороскопските знаци, па тоа ќе додаде интересен аспект во начинот на кој ќе ги воспитувате вашите деца. Од една страна ќе се обидете да ја покажете вашата нежна страна, но од друга страна ќе сакате да одржите авторитет и добра организираност по правила и стандарди во домот. Сакате да бидете блиски со вашите деца, но не сакате на вас да гледаат како на пријател – според вас, добро е да се знае кој е родител, а кој дете. Како што досега сте ги контролирате емоциите, така и сега ќе продолжите.

ВОДОЛИЈА

Доблести како мајка: Младост, отворен ум, оригиналност

Маани како мајка: Драматичност, неорганизираност, недостаток на ограничувања

Начин на кој воспитувате: Интересен лик кој едноставно не може да се ограничи само на неколку карактеристики – такви се мајките Водолии. Вие сте топли и нежни, но истовремено и студени и мрачни. Сакате да поставите ограничувања на децата, но речиси никогаш не успевате да издржите до крај со правилата, бидејќи самите сте научени да ги рушите. На семејството никогаш нема да му биде здодевно со вас. Најголемо изненадување за вас ќе биде научите колку е моќна мајчинската љубов.

РИБИ

Доблести како мајка: Сочувство, фантазија, креативност

Маани како мајка: Манипулација, нестабилност, грижа на совест

Начин на кој воспитувате: Вие сте нежни и ја цените удобноста пред сè, па ќе сакате од вашето семејство и домот да направите една посебно место каде никој не смее да влезе, ниту излезе. Вие ќе бидете таа мајка која ќе ги поттикнува и другите мајки околу вас, секогаш добра и нежна со сопствените деца, но кога ќе треба да покажете со прст, тоа тешко ќе ви оди од рака. Токму затоа, потребен ќе ви биде партнер кој ќе биде строг и ќе може да ги контролира и казнува децата. Во вашите очи тие не можат да направат нешто погрешно, па понекогаш и премногу ќе ги разгалувате.