Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров и по завршувањето на овој Европски шампионат, ќе остане најдобар стрелец во историјата на континенталните шампионати.

Тој во 2012 година, на ЕП во Србија, постигна вкупно 61 гол на 7 натпревари. Најдобриот стрелец на тековното ЕП, чешкиот репрезентативец Ондреј Здрахала има 55 голови, но тој веќе нема натпревари за играње.

Вториот на листата стрелци во Хрватска е Микел Хансен, кој има уште еден натпревар за играње, но тешко е за верување дека би можел да го стигне Здрахала, а камоли пак да го нападне рекордот на Лазааров.

Финалето меѓу Шведска и Шпанија се игра во 20:30 часот, додека мечот за бронза меѓу Франција и Данска се игра во 18 часот.

Листа на најдобри стрелци на сите досегашни ЕП:

Извор: 24Rakomet.mk