6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ги прашал зошто не се иселат од својата држава и не го “бркаат” сонот на Запад: Сите му одговориле исто!

    Поголема плата, подобри услови за живот, нова култура, фунцкионални системи…ама мојата мајка, татко, брат, сестра пријатели освен на камера на Вајбер или Ватсап немам како поинаку да ги видам. Што да правам? Дали да заминам во друга држава?, е дилемата со која многу млади луѓе се соочуваат пред да се решат да ја напуштат својата својата родна земја.

    Во раните 1970ти кога првите гастрбајтери заминаа во странство, секој од мислел дека ќе се врати дома по некое време.

    Децениското прашање “Дали да си заминам од дома или да останам?” го инспирираше еден Редит корисник кој е со потекло од Србија да започне разговор на оваа тема.

    Имено, тој го поставил следново прашање на Редит “Вие што не сакате да си заминете од Србија, кои се вашите причини?”

    -Потрагата по живот во странство е многу популарен тренд во Србија, па оттука сакам да ве прашам…Кои се причините за да не заминете од својата родна земја? Што ве врзува за Србија и зошто не сакате да заминете во странство?, е неговото прашање поставено на Редит.

    Пријатели, семејство, решено станбено прашање

    Според одговорите кои ги добил може да се каже дека корисниците на Редит биле брутално искрени.

    -Го сакам животот во Србија, тука ми се пријателите, семејство. Ми се допаѓа секојдневнието, уживам во друштвото на моите пријатели, солидно заработувам и навистина не гледам причина зошто би се преселил во друга држава. Можеби некој ден би го сменил градот во кој живеам, но државата никогаш, е еден од одговорите.

    Меѓу погодените од ова прашање се и оние луѓе кои после долги години работа надвор се вратиле во Србија. Според нив менталитетот на српскиот народ е една од причините за нивното враќање.

    -Бев, видов и се вратив. Заминувањето во странство и започнувањето живот таму не е за секого. Сфатив дека тука не е толку страшно, ниту пак дека во странство е преубав. Секој се снаоѓа како може и каде му е најубаво, се вели во дел од одоговорите.

    Сличен одговор имал и уште еден дечко.

    -Исто. Бев, видов и се обидов. Ја сакам Србија. Го сакам српскиот народ. Сакам кога луѓето ја разбираат мојата смисла за хумор. Го сакам она од срце кажано Добар ден со кое те пречекуваат во секоја пекара, кафуле, продавница…Не ја поистоветувам Србија со Вучиќ или со било кој друг политичар. Политичарите доаѓаат и си одат, но Србија останува. Една и наша, бидејќи друга немаме.

    Долго размислував, но решив да останам

    Еден од коментарите бил напишан од Србин кој цели 30 години живеел во странство по што решил да се врати во својата татковина.

    -Секое место има свои мани и доблести. На крајот на краиштата, ако во Србија заработувате добро тогаш ќе живеете многу подобро од било кое друго место на светот, напишал тој.

    Слични како на претходните одговори, млад дечко решил да го сподели своето размислување зошто не сака да започне живот во друга држава.

    -Причини за да останам во Србија ми се моето семејство и моите пријатели. Безбедна и релативно пристојна работа со можност за напредување. Причини за заминување: на долг рок се плашам дека Србија нема да реализира половина од својот потенцијал и дека ќе стане нестабилна држава која е подложна на разни странски влијанија. Системските проблеми кои сите ги гледаме и со кои сите се соочуваме може да имаат големо влијание врз поединецот.

    Имав можност да поминам подолго време во САД, Германија и Грција. Мислам дека е заблуда дека мислиме дека овие системи се беспрекорни. Пристоен живот и подобар стандард може да се обезбедат без големи проблеми, но емиграцијата носи низа нови проблеми.

    Често патувам во Хрватска бидејќи имам многу роднини. Иако имаат подобар стандард многу работи и таму се распаѓаат. Не се ни они најсреќно општество. Ова го кажувам само поради фактот дека хипотетичкиот влез во ЕУ во наредни 100 години може да донесе многу добра, само и само ако ние знаeме како да го искористиме. Од друга страна ќе имаме многу проблеми и повеќе емиграција од оваа сега, вели тој.

    Сакам назад во моето село

    Еден од коментарите бил од Унгарец кој живее во Србија. Тој изјавил дека животот во странство не е мед и млеко и дека неговиот план е да се врати во својата родна земја за неколку години.

    -Јас си заминав од својата земја, но планирам да се вратам дома за неколку години. Причините што ме влечат дома се исти како за сите нас: семејство, своја куќа, земја и слично. За разлика од другите коментари, јас повеќе пријатели имам тука. Но моите предци живееле на тоа парче земја и сакам да се вратам дома. Нас Унгарците не има се помалку. Во моето село бројот на жители секојдневно се намалува, додава тој.

    Сепак најискрениот одговор на ова прашање доаѓа од еден Србин коj отворено кажува дека е мрзлива.

    -Јас сум многу мрзлив. Имам и унгарски пасош и не превземам ништо. Би заминал само ако најдам некоја работа која не е физичка. Работата на градилиште ме плаши и би бил многу понесреќен него тука. Би сакал да живеам некаде на море, ама па во тие земји нема работа. Па оттаму можам да заклучам дека Белград не е толку лош, завршува тој.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.