ВМРО-Народна партија со внимание, вклучувајќи и експерти ја анализираше содржината на предлог-резолуцијата која ќе биде поднесена во македонскиот парламент.
Нашите експерти утврдија дека во декларацијата сериозен недостаток претставува што немаме конкретно временско и просторно определување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик.
Без овие елементи предлог-резолуцијата дава простор теоретски, македонскиот јазик и македонскиот идентитет исто така, да се определат со почеток од 1945-та година и тоа само на просторот на Северна Македонија. Така што оваа резолуција на ваков начин може да ни создаде поголем проблем отколку решение.
Се надеваме дека писателите на предлог-резолуцијата ќе имаат разбирање за ова наше барање.