6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ВМРО-НП изразува поддршка за храброста со која зборуваше г-динот Зоран Заев за македонската историја

    Во врска со вчерашнто интервју на г-динот Зоран Заев за бугарската информативна агенција БГНЕС кое воглавно беше пречекано со голем број критики од македонската јавност, ВМРО-Народна партија сака да изрази поддршка за храброста со која зборуваше токму г-динот Зоран Заев за македонската историја.

    За жал она што македонската историографија требаше да го отвори во изминатите три децении на демократија дочекавме еден политичар во функција на премиер радикално да ни го соопшти.

    Сите работи што ги зборуваше г-динот Заев согласно со објективната историја и согласно со најголем дел од книгите извадени од македонскиот архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани само зборува колку македонското општество било индоктринирано.

    Посебно ме збунува фактот за острите тонови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партија која ја внесе идејата за пријателство со Бугарија и објективизирање на македонската историја во раните 90-ти години и ги направи најголемите чекори за приближување со истата држава.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.